Реклама
Вирално

Интимна исповед: Знаете ли колку пријатели изгубив кои водеа здрав живот? Сега на 45 години ја гледам вистинската суштина

Реклама

Светлана Казина е уметничка која пред 20 години се преселила во мала куќа надовор од градот, без водовод, топла бања и во која често нема струја. За себе вели дека го сака животот и дека живее со уживање. Секој ден учи нешто ново за светот, ја истражува природата и вели дека секој ден се изненадува со нешто ново.

„Во природата се наоѓа сето она што може да не направи среќни“, тврди Светлана. Но како дошло до ова? Зошто одлучила од метропола да се пресели во куќа која е отсечена од светот?

Маркетинг

Главна причина е тоа што смета дека начинот на живот не треба да биде здрав, туку среќен. Еве што Светлана вели за тоа:

„Болестите не доаѓаат поради тоа што ни е екологијата лоша, водата нечиста и користиме многу пластика. Дали ќе се разболиме не зависи од тоа дали живеете во град или на село. Веривајте ми, човечкото тело е неверојатна машина способна да се прилагоди на било кои услови и на било која храна. Селаните не можат да ја поднесат храната во прав, водата во шишиња и да го вдишуваат градскиот воздух, точно. Но не затоа што сето тоа е валкано и нездраво, туку затоа што е поинакво. Затоа што нивното тело не се навикнало на тоа“.

Исто така, луѓето пораснати во град не се прилагодуваат лесно на селските услови – поинаквите временски услови, домашна храна, а од надморската височина и атмосферскиот притисок воопшто не им е добро. Тука си кадешто си, и таму каде што си, на тоа си навикнал.

Маркетинг

Ако лицето живее во хармонија со природата, се моли или медитира, јаде исклучително само природна храна, не значи дека ќе живее сто години и ќе уmре здрав. Знаете ли колку пријатели имам погребано, кои воделе здрав начин на живот? Повеќето од нив беа спортисти, доктори и луѓе кои се трудеа да работат на својот духовен развој. Непушачи, не пиеја алкохол, но сепак уmираа од рак.

Можеби никогаш нема да сфатиме зошто доаѓаат болестите, но знајте и дека нема да ги избегнете држејќи диета, вежбајќи до изнемоштеност и размислувајќи дали сте згрешиле на некое од овие полиња. Проблемот е во тоа што болеста не почнува во телото, туку во главата.

Затоа научи да живееш среќно! Научи што од храната ти одговара, не што велат дека е здраво, туку што прифаќа твоето тело. Тоа ти дава одговор кога ќе го наполните со одредено количество храна. Батали ја работата која те прави да се јадеш од внатре секој ден. Стој настрана од социјалните мрежи и живеењето за на нив да ставаш некои совршени фотографии кои немаат врска со реалниот живот, туку само ти создаваат стрес.

Прави го она што си го посакувал отсекогаш. Научи да свириш гитара или клавир, да пееш, да скијаш. Бои си боенка, сложувај сложувалка. Секој од нас е уметник со талент. Немој да сонуваш за велосипед, купи го! Немој да таложиш соништа, зошто зошто тие полека гнијат во зафрлените агли на мозокот.

silna zena2

Сакаш самотија? Биди сам. Исклучи се што те нервира и ти ја јаде енергијата. Пронајди радост во сѐ!

Живеј среќен живот!

А сега ќе ви ја откријам најважната животна тајна и смисла на животот: Таа не постои.
Тоа е едноставно живот. Утро, попладне, вечер, ноќ и пак во круг. Тука е планетата, луѓето, флората и фауната. Празници и работни денови. Среќа и проблеми. Тука е и сmртта. И таа доаѓа во било кое време, во било кои години.

Дали навистина имате време да ги живеете туѓите соништа, засновани на тажни вредности и норми.

Животот е дар и мора да го почитувате, а најмногу ќе го почитувате ако го проживеете среќни.

Ако веќе не можете да верувате дека смислата на животот не постои, да се завртиме кон мудреците – тие сите велат едно – смислата на животот се наоѓа во среќата. Јас токму тоа го зборува, само тоа малку поинаку го сфаќам.

Сепак, сето ова не значи дека не треба да трагате по среќа. Ако тоа за вас е среќа. Ако за вас среќата е здрава исхрана, тогаш хранете се здраво. Само имајте во предвид дека повеќе луѓе на крајот сфаќаат дека целиот живот нешто барале, работеле, некаде трчале, а најважната која им била пред нос, не ја забележувале. Тоа се обично саканите луѓе, со кои од силно трчање и бессмисла не сме стигнале да поминеме доволно време.

Ве молам, не заборавајте: Среќата не е ниту во село, ниту во град, ниту на планина ниту на асфалт. Среќата е во вашата глава. Живеј онака како што ти сакаш, не ја споредувај својата среќа со другите. Никој нема да ја разбере твојата среќа, токму како што ти не можеш да ја разбереш туѓата. И кога не би било токму такви споредувања на среќата, на религиите, и на вредностите, не би имало проблеми, ниту војни, ниту неволји ниту несреќи“.

Поврзано

Back to top button