Им пркоси на годините – поранешната манекенка и на 65 години покажа неверојатно тело во тренди мини фустан (фото)
За оваа дама годините се само бројка
Поранешната манекенка Кристи Бринкли се појави на црвениот килим и ги освои сите со своето феноменално издание. Таа иако гази во шестата деценија се уште изгледа фантастично, а на ова издание дефинитивно можат да и завидуваат и мнооогу помлади девојки. Имено, таа се појави во кус фустан со точки и долги ракави, а во центарот на вниманието беа долгите, убави нозе и нејзиното неверојатно младешко лице.
По успешната манекенска кариера Бринкли му се посвети на бизнисот, но се уште е активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии од кои никогаш не би погодиле дека има 65 години.
Кристи досега безброј пати истакна дека за својот младешки изглед може да му биде благодарна на строгиот режим на исхрана која вклучува многу овошје и зеленчук, како и редовно посетување на естетски третмани.