Има 40 години, 10 деца и совршено негуван изглед: Секој ден има време и да вежба и чита – погледнете како и започнува денот
Првата работа што ќе ја забележите кај оваа мајка на десет деца (!) која е и повеќе од очигледна е нејзиниот неверојатно младолик и негуван изглед.
Бројката од десет деца им е незамислива на многумина, но Таина Ликардо Тоивола има баш толку деца. Ни помалку ни повеќе. На видеата што редовно ги објавува на социјалните мрежи (како ли наоѓа време и за тоа?) прикажува како изгледа нејзината стварност и како се снаоѓа во неа, а ние признаваме дека сме импресионирани од нејзините вештини.
https://www.instagram.com/p/BnxyHLXHgp7/?utm_source=ig_embed
Австралијанката Таина има 40 години и има десет деца, бројка која е за респект! И додека останатите мајки би се запрашале како воопшто преживува, таа на своите фотографии и видеа покажува дека воопшто не и е тешко. Напротив, таа и нејзиниот сопруг, религиски проповедник, живеат во Финска и во својата улога на родители одлично се снаоѓаат.
Пред неколку недели, Таина на својот канал на Јутјуб објави видео за својата утринска рутина. Секако тешко дека 10 деца можат да ги соберат во едно видео, па затоа таа своите рутини ги распоредила во три видеа. Нејзините деца се од 20 години до 6 месеци, а нивните имиња од најстарото до најмладото се – Леонардо, Клеопатра, Ерусалим, Дартањан, Шекспир, Ромео, Нефертити, Кинг Џејмс, Афродита и Омега.
https://www.instagram.com/p/Bmgc-eiA10R/?utm_source=ig_embed
Првата работа што ќе ја забележите кај неа е нејзиниот неверојатно младолик изглед. Од видеото ќе видите дека таа навистина е минималиста кога е во прашање шминката , а бидејќи најмладата ќерка има само 6 месеци, мораме да забележиме и дека е во неверојатно добра форма. Претпоставуваме дека добар дел од тоа е поради трчањето по децата, но сепак…
https://www.instagram.com/p/BpxBp5kl7D4/?utm_source=ig_embed
Но она што најмногу не изненади, па и шокираше, е тоа што Таина станува пред 3 часот наутро како би го започнала својот ден во мир, пред да се разбудат децата. Покрај совршениот тајминг и организациски способности од високо ниво, оваа мајка успева да најде време и за читање, а понекогаш и за вежбање. Покрај тоа, секој ден подготвува огромни количини разнолика храна за целото семејство.
И тоа секако дека не е сé – и нејзините деца посетуваат бројни активности, свират на различни инструменти и учат странски јазици. Многу се активни, па кога ќе земеме во предвид дека треба постојано да го следите нивното темпо, можеме само да заклучиме дека оваа мама е вистинско чудо!