Ова е донаторот на спермата, кој себе си се нарекува современ Исус. Тој вели дека за него сексот е само кога донира – никогаш за задоволство.
Во изминатите пет години Кајл Горди стана татко на 18 деца, а чека уште седум.
27-годишното момче од Лос Анџелес патувал низ својата земја само за да оплоди жени кои побарале сперма од него. Но, тој е подготвен да патува и повеќе и вели дека неговиот следен чекор е да донира и на меѓународно ниво.
Кајл вели дека отсекогаш сонувал да има многу деца, но никогаш не се чувствувал добро во врска, имајќи го предвид големиот број на разводи и одговорностите кои доаѓаат со моногамија, што не му се допаѓа премногу.
Во 2014 година, Кајл почнал на „Craigslist“ да ја огласува својата сперма, а две недели подоцна ја донирал на една жена од својата близина.
По успешното оплодување, Кајл рече дека почнала да се препорачува неговата „силна сперма” и наскоро добил бројни барања за донација и вели дека го одржува одличниот квалитет на неговата сперма.