Има тело и нозе на кое можат да и завидуваат и три децении помлади дами – Лила се соблече на Инстаграм
Еве како Лила си ужива за сите пари
Познатата водителка деновиве го прослави својот роденден, но и ги почести верните фанови со нови провокативни кадри.
Нашата најпозната водителка Лила Филиповска празничниот викенд го помина на Малта каде го прослави својот 53. роденден.
Но Лила и покрај тоа што е во шестата деценија од животот, се уште важи за една од омилените и најпосакуваните водителки.
Впрочем за тоа сведочат и нејзините последни објави од ова патување под кои многумина и кажаа дека изгледа феноменално, посебно откако ги видеа фотографиите на водителките од плажа.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа позираше во црно едноделен костим за капење и во преден план ги истакна своите совршени облини, но и нозе кои се за медал.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката со овие фотки им се заблагодари на сите за прекрасните честитки, а под истите се уште се редат позитивни коментари.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„Среќен роденден убавице, ти само уживај“, „Среќен роденден моја прекрасна дамо“, „Среќен роденден, продолжи да блескаш“, „Биди ни секогаш таква каква што си“, беа само некои од бројните комплименти и честитки што Лила очигледно ги прими со задоволство.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Повеќе фотографии од ова роденденско патување на Лила во Малта погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, Лила на ова свое егзотично патување замина за да си ги наполни батериите за претстојната сезона.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Неодамна започна со снимање и на нејзиното шоу „Сé или нешто“, а секојдневно е активна и на социјалните мрежи.
Таа само на Инстаграм има преку 230.000 следбеници и со оваа бројка важи и за една од најпознатите Македонки на оваа социјална мрежа.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И како што самата напиша неодамна „Никој никогаш не може да ви ги одземе спомените, затоа создавајте убави спомени секој ден“, таа тоа и го прави, а многумина од фановите уживаат во секоја нејзина објава, за што зборуваат и бројните лајкови и коментари.
Па, секоја чест за оваа наша позната дама!