Реклама
Холивуд

Има само 14 години и веќе се наоѓа на листата со 100-те највлијателни личности на светот

Реклама

Пред две и пол години 14-годишната Мили Боби Браун се појави во серијата на „Netflix“ „Stranger Things“ во улога на ќелава девојка од друга планета, кој има супер моќи и веднаш ја освои публиката. После тоа, оваа млада дама направи уште неколку профитабилни договори за рекламирање на познати модни куќи, како што се Келвин Клајн и Конверс.

Следуваа бројни гостувања на телевизии и холивудски премиери, номинација за наградата „Еми”, втора сезона од популарната серија, нови ТВ-емисии, нови премиери, соработки со брендови наИнстаграм, интервјуа, снимки, друга номинација за „Еми”. Минатата недела таа беше назначена за специјален амбасадор на Уницеф, најмладиот во историјата на организацијата за помош на деца. Во одреден момент во текот на таквите ангажмани шармантна девојка, која во серијата се бори со чудовишта од темниот паралелен свет, се претвори во една млада дама која беше на прес-конференцијата на ОН, со шармот на еден 30-годишен дипломат, и го прочита своето соопштение. Во таа прилика, Мили изјави дека сака да ги претставува сите деца на овој свет и се заблагодари за „големата чест” што и беше дадена. Актерот Дејвид Харбор, кој го игра очувот во серијата, вели: „Кога еден ден ќе бидам во старечки дом, ќе ги гледам филмовите што ќе ги снима до тогаш. Таа е следната Мерил Стрип.”

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bqawel7BLOF/?utm_source=ig_embed

Најголемите обожаватели на Мили се нејзините родители, кои ја посетија половина од планетата и ризикуваа финансиски неуспех и тоа само за да ја исполнат големата желба на својата ќерка да стане актерка.

Маркетинг

Таа е родена во Марбела (Шпанија), каде што нејзиното семејство има ресторан. Кога имаше четири години, тие се вратија во Велика Британија, а во 2011 година се преселија на Флорида, пензионерскиот рај во кој родителите на Браун отвориле клиника за избелување на забите.

За да ја забавуваат својата ќерка, преку викенд ја испраќале во аматерски театар, каде што ја откри една жена која е познат ловец на таленти од Холивуд . Таа ги убеди родителите на Мили дека местото и е во Холивуд, па семејството (таа има уште две сестри и брат) се спакува и заминаа во Калифорнија. Таа глумеше во серијата „Modern Family” и „Grey’s Anatomy””, но живот во Лос Анџелес беше премногу скап, па во 2015 година се вратија во Велика Британија. Таму се пријави за аудиција, на која агентката на кастингот и кажала дека изгледа „премногу зрело” за своите 11 години.

Поради тоа мислела дека е готово со нејзината актерска кариера, а потоа на истиот ден испратила видео со кое конкурирала за улогата во серијата на интернет. Таа не знаеше ништо за серијата, но од неа се бараше да заплаче.

„Бев толку очајна по разговорот со претходниот агент така што лесно ја снимав сцената”, вели таа. Потоа преку ноќ стана ѕвезда. Вели дека нејзините родители постојано и препорачуваат да биде скромна, но и дека многу повеќе и беше корисен советот на својот колега кој и кажал дека сé ќе биде добро, само ако го сакате она што го правите.

Нејзиниот татко секогаш оди со неа на снимањата, затоа што кога луѓето ќе ја видат онака нашминкана, во облека од познати дизајнери, секогаш весела и бучна, лесно забораваат колку години има, дека не може да вози и дека не треба сама да патува затоа што се уште е малолетна.

https://www.instagram.com/p/BqjFG_SnGpj/

 

Неодамна се најде на листата на „најсексапилните ТВ ѕвезди-деца“, отвори своја продуцентска куќа и за само една епизода од третата сезона на „Stranger Things” заработува најмалку 300.000 долари.

https://www.instagram.com/p/BpflW2lH3xI/

Магазинот Тајмс ја стави на листата со 100 те највлијателни луѓе на светот.

https://www.instagram.com/p/BnVMQpvA4PU/

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button