Реклама
Вирално

Има начин да се запре коронавирусот: Хрватскиот епидемиолог има свое решение кое сега го сподели со светот

Реклама

Познатиот хрватски епидемиолог Бернард Каиќ објасни дека иако само со повторното воведување строги мерки на изолација ќе може да се уништи вирусот, таа мерка од економска гледна точна невозможно е да се спроведе, но забраната на собири, носењето маски, физичката дистанца и миењето раце може да се практикува и така да се забави вирусот.

Тој во една емисија објасни дали Хрватска ќе се најде во ситуација со коронавирусот во каква што сега е Србија, која е важниста на вакцината за спасување на здравствениот систем од колапс, како и колкава е важноста од држењето дистанца и носењето маска, но и како 2,3 отсто тестирани биле во контакт со вирусот.

Маркетинг

Каиќ смета и дека стекнувањето на колективниот имунитет е бесмислено и се залага за задолжително носење маски на јавните места.

Вирусот не слабее

„Тоа би значело дека на еден откриен заразен имаме 30 непознати, поради што се доведува во прашање смислата на пребројување на заболените, па под прашање е пронаѓањето на контактите. Додаде дека е загрижен, зошто вирусот очигледно не слабее на топлото време, како што сите се надевавме.

Маркетинг

Бројот на заболените расте, а мислам дека ширењето на вирусот е невозможно да се запре без многу строги мерки какви што имавме во март и април и сигурно дека ќе продожи да се шири. Ако има голем број заразени, ќе има има голем број од оние со сериозни симптоми и починати. Дополнителна причина е што сега има помалку хоспитализирани зошто на почетокот сите заболени беа хоспитализирани, но со тек на времето сфативме дека тоа е непотребно. Има потешки и посериозни болести од кои се повеќе се умира, но бидејќи е потребно да се ангажира здравствениот систем, може да се рече дека ова за нив, всушност е најголемо зло“, рече Бернард Каиќ.
За 10 дена имаше 706 заболени, а пред три месеци за 10 дена имаше 684 заболени, која е разликата?

„Ништо не е различно, се е потполно исто, само што тогаш се надевавме дека тоа може да се запре. Дури кога тргна бранот и постоеше надеж дека со многу строги мерки може да се запре неговото ширење. Но судејќи по се, ова нема да може да се запре. Вирусот не може да се запре без строги мерки, но јас повторно не ги препорачал строги мерки. Ако сите се затвориме на месец дена, трансмисијата на вирусот би се запрела, но со огромна штета. Би настрадала и економијата и здравјето на луѓето, посебно психичкото. Тоа може повторно да се случи, но само кога повторно се ќе отвориме, пак ќе најдеме заболени. Треба да се најде начин да се држи под контрола“, изјави Каиќ.

„Би вовел задолжително носење маски на јавни места. Би вовел задолжителна и физичка дистанца, која очигледно не постои. Би го намалил дозволениот број на луѓе во затворени простории. Сите места на кои не може да се одржи физичка дистанца, како ноќни клубови и свадби, тоа би го намалил. Ако се дозволи се, кога луѓето би се однесувале како пред короната, набрзо ќе имаме илјадници болни и стотици по болниците“; изјави Каиќ и додаде дека моментот за ограничување на собирите бил пред две недели.

„Прашање е дали до таа мера треба да попуштаме со мерките. Ако се сака да се забави вирусот, мерките треба да се заострат, но одлуката може да се донесе и тоа да не се направи. Ние сега го достигнавме максимумот и ако има повеќе заболени, ќе мораме да престанеме да ги следиме контактите. Кога имавмe изолација, имаше 2000 заболени, многу повеќе имаше асимптоматски“, рече Каиќ.

Тој нагласи колку е важно да се почитуваат мерките.

„Важно е сите да се придржуваат кон мерките за спречување на ширењето на короанвирусот. Ние знаеме дека се повеќе луѓе се заразени отколку што се детектирани, но строгите мерки доведоа до тоа вирусот да не се шири.Јасно е дека не можеме да останеме дома како во мартк но лушето треба да се придржуваат кон мерктие за смалување на ризикот. Физичката дистанца, маските и миењето раце, околу тоа сите се сложуваат. Други мерки, како намалување на собирите, се она околу што постои разногласие. Знаеме дека многу повеќе луѓе биле заразени отколку што се откриени, но строгите мерки придонесоа само со тоа што тие не пренесуваа болест. Затоа луѓето мора да се придружуваат кон мерките во секојдневниот живот и на јавните собири“, вели тој.

Стекнување на колективен имунитет

Вели дека завршиле со тестирањето на земените примероци и дека податоците покажуваат дека околу 2,3 отсто од луѓето биле во контакт со вирусот.

disko3 cr

„Колку луѓе биле во контакт со вирусот, дали е е тоа 1-3 отсто, тоа не е важен податок, зошто тоа се мали податоци, 2,3 отсто од луѓето кои ги тестиравме биле во контакт со вирусот, што би било 80.000-90.000 луѓе. Тоа значи дека на еден препознаен заболен имаме 30 непрепознаени, со што се доведува во прашање смислата на пребројување на заболемите, па во прашање е и смислата за пронаоѓање на контактите. Стекнувањето на колективниот имунитет нема смисла, со оглед на тоа дека имаме 30 непропознаени. Мерките за забавување немаат смисла, зошто ако за три месеци наместо 80.000 заразени имаме 500 илјади заразени, ќе имаме и повеќе починати и повеќе хоспитализирани. Треба да се прави се може за да се забави ширењто на вирусот. Нема докази дека се сменила клиничката слика на заболените“, заклучи Каиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button