Има ли шанси нашата Бети во дуелот со кралицата Летиција? Цела МАКЕДОНИЈА зборува за ова издание на нашата прва дама!
Едната во црно, а другата во црвено …
Нашата прва дама Елизабета Ѓоргиевска заедно со сопругот, претседателот Стево Пендаровски присуствуваа на свечена вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приреди кралот на Шпанија, Фелипе Шести и неговата сопруга кралицата Летиција.
Оваа беше пригода за многумина да видат како нашата прва дама ќе изгледа и како ќе се „подготви“ за средбата со една од најубаво облечените жени во светот, а интересно е и тоа што за комбинацијата што шпанската кралица ја носеше во ова издание веќе зборува целиот свет.
Имено кралицата која никогаш не разочарува кога е стилот во прашање, и овој пат ги воодушеви љубителите на модата.
Летиција за оваа пригода носеше софистициран мал црно фустан од шпанскиот бренд „The 2nd Skin Co“, со што уште еднаш се етаблираше како една од најелегантните претставнички на кралските семејства.
Фустанот очигледно и е еден од омилените што кралицата го има во своите плакари бидејќи ова не и беше прв пат да го носи.
Поранешната новинарка во слично издани се појави и на доделувањето на наградите „Princess of Asturias Awards“ во 2021 година (види ја сликата).
Во прашање е креација со волуменизирано здолниште со театрален изглед која Летиција како и минатата година ја носеше со тенко ременче, со што дополнително ја истакна тенката половина, што всушност преставува еден од омилените стилски трикови на кралицата. Таа целото издание го заокружи со дијамантски обетки и елегантни високи потпетици со кои исто така никого не остави рамнодушен.
За разлика од кралицата, нашата прва дама, Елизабета Ѓоргиевска, блескаше во црвено издание од глава до пети и уште еднаш со својот став, но и со својот елегантен дамски изглед, го привлече вниманието на јавноста.
Имено, Елизабета на свеченоста се појави во софистициран црвен фустан со интересен детаљ на ракавите и половната, а целото издание го заокружи со елегантни црвени високи потпетици и плико чанта во слична нијанса.
Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?
Бонус галерија
Црвени фустани за лето 2022
Наши предлози за вашите плакари
Valentino (via Net a porter)
Norma Kamali (via Net a porter)
Norma Kamali (via Net a porter)
Zara
Zara
Mango
Mango
Valentino (via Net a porter)
Zimmermann (via Net a porter)
Christopher Esber (via Net a porter)
Zara
Zara
Mango
Mango
Reformation (via Net a porter)
La Ligne (via Net a porter)
Zara
Mango
Mango