Има ли ПОГОЛЕМА ЉУБОВ од оваа: Лила со емотивна посвета за нејзиниот најсакан
Македонската водителка ја покажа својата емотивна страна и му напиша емотивна посвета на најважниот маж во нејзиниот живот.

Лила сподели заеднички фотографии со нејзиниот наследник и доби илјадници лајкови.
Освен што е долги години препознатливо ТВ лице, Лила Филиповска е активна и на Инстаграм, каде секојдневно споделува фотографии и видеа, а некои од нив се поврзани со нејзиниот приватен живот.

Својата водителска кариера ја започна многу млада и веднаш ја освои публиката.
Повеќе од деценија работи на квизот „Се или нешто“, кој е единствен од овој тип, но и ултра популарен кај публиката.

И покрај тешкотиите кои ѝ ги донесе животот, Лила секогаш остана со позитивен став и љубов кон она што го работи.
Најголема поддршка во се што прави ѝ се нејзините најблиски, но најмногу нејзиниот син Филип.

Филип е нејзината движечка сила и причината поради која се труди да биде се поуспешна.
Таа е пример за сите дека само упорност, волја и трпение водат кон успехот.

На својот Инстаграм профил Лила сподели заеднички фотографии со најважниот маж во нејзиниот живот – нејзиниот син Филип.
Фотографиите за кратко време собраа илјадници лајкови.

Во опис на фотографиите таа напиша стих од песна на Северина: „Се додека има зло меѓу луѓето, ќе бидам панцир на твоите гради“.

ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
жж
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска