Има исфрлено само една намирница од исхраната и цел живот е слаба – откријте ја тајната за убавиот изглед на Лидија Вукичевиќ
Познатата актерка Лидија Вукичевиќ замина на годишен одмор, да ги наполни батериите и да се спреми за нови предизвици.
Таа ги почести своите фанови со атрактивна фотографија на Инстаграм, па доби голем број комплименти од фановите.
Една од најголемите ѕвезди во серијата „Подобар живот“ има бројни следбеници на социјалните мрежи, кои посебно ја фалат нејзината витка фигура и одличната форма.
Така е и со новата фотографија, на која Лидија позира во бел фустан под кој ѕиркаат тенката половина и нејзините женствени колкови.
Шармантната актерка не пропушта да им се заблагодари на сите што и помагаат да го одржува својот младолик изглед, но познато е и дека самата вложува многу напор. Таа на крајот од својата шеста деценија, редовно вежба за стомачни и грбни мускули, но и води сметка во исхраната.
Како што самата има изјавено во една пригода, благото речиси целосно го има исфрлено, а користи сите мешавини со мед и цимет. Во нејзината диета нема место ни за глутен и месо, туку е заснована на други намирници што не дебелеат, пишува порталот „Лепа и среќна“.
Инаку, Лидија пред неколку недели го прослави 59 роденден.
Таа за роденденот блескаше во фустан со длабоко деколте и шлиц, додека тесната креација ги истакна нејзините oб-лини на кои никој не остана рамнодушен.
Само да потсетиме, Лидија ужива во љубовта со 10 години помлад сликар од Италија, а неодамна откри и детали од нивната врска и како ја одржуваат љубовта на далечина.
„Се гледаме повремено. Ја сакам љубовта на далечина, никогаш не ви е досадно, секогаш ви е убаво. И секој пат кога ќе се видиме како да е прв пат“.
„Кога сте постојано заедно, многу работи се откриваат, на површина излегуваат и нешто што можеби не би сте го сакале. Навиката ја убива љубовта“.
„Кога партнерот ќе ми стане како брат, време е да заминување“, изјави Лидија во една пригода.
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ