Има добиено многу подароци во животот, но посебно се сеќава на овој: Јелена Карлеуша никогаш нема да го заборави овој гест
Популарната балканска дива Јелена Карлеуша е секако една од оние ѕвезди на која никој не останал рамнодушен.
Таа никогаш не го крие својот став, колку и да е темата контроверзна, а внимание привлекува со својот стил, песни и приватен живот. Сепак, пејачката не се секира за негативните коментари, а фанови има насекаде – па дури и кога ќе скокне до локалната продавница.
Така Јелена откри дека касиерките во супермаркетот кој го посетува, толку многу ја сакаат што решиле да ѝ приредат изненадување.
Таа овој настан го раскажа во утринската емисија на ТВ Прва, во текот на вонредната состојба и изолација поради пандемијата од коронавирус, главно времето по поминувала грижејќи се за своето семејство, па така редовно одела во набавка на намирници во локален супермаркет.
Меѓу бројните нервозни купувачи Јелена се истакнала како многу љубезна, а работничките во маркетот решиле да ја наградат за тоа.
– Јас од продавачките добив награда! Ми подарија пакет во кој имаше кафе, вино, слатки, а го добив како најљубезен муштерија. Касиерките се собраа да ми го дадат подарокот, а сите останати луѓе во редот негодуваа и викаа: „И јас сум фин“, раскажа пејачката.
Таа зборуваше и за онлајн концертот кој пред неколку дена го одржа и истакна дека тоа што често ја оспоруваат, всушност ја турка напред.
– Желбата за докажување во земја каде те омаловажуваат и ти зборуваат дека не можеш ништо. Тоа во мојот случај е голема атомска бомба. Се докажувам на себе, јас сум суетен лав и сакам да дадам 300 отсто од себе. На овој концерт бев многу уморна, тешко ми беше да играм и пејам, но си реков на себе „Нема сигурно ти да бидеш најслаба алка“ и продолжив, искрено одговори Јелена.