Има проблем за кој не сака да зборува, но на сцена воодушевува – Македонка што го освои Балканот
Малкумина знаат дека таткото на младата Гранд ѕвезда по потекло е од Македонија
Важи за една од најубавите и најуспешните Гранд ѕвезди
Пејачката Ивана Димковски се прослави пред неколку сезони кога учествуваше во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Пејачката денес живее во Белград и имаше само 16 години кога прв пат се појави во популарното шоу, а во една пригода нејзината мајка откри дека нејзиниот татко по потекло е од Македонија.
Таа тоа го направи кога Саша Поповиќ ја праша за презимето, па таа потврди дека нејзиниот татко има македонски корени.
Фото: Инстаграм/ Ивана Димковски
Го украде шоуто и на Инстаграм
И додека во шоуто беше скромна и срамежлива девојка, Ивана со своите нови фотографии се претстави во едно малку поинакво светло.
Фото: Инстаграм/ Ивана Димковски
Имено, пејачката објави неколку фотографии од одморот во Будва и со своето издание никого не остави рамнодушен.
Облечена во бел едноделен модел на костим за капење блескаше, а заедно со брановите создаде амбиент како од бајките.
Фото: Инстаграм/ Ивана Димковски
Инаку, Ивана во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше два пати. Во првата сезона ментор и беше Јелена Карлеуша, а во втората Ѓорѓе Давид.
Таа е една од ретките пејачки која и по шоуто успешно ја гради својата кариера, а ги фасцинираше и публиката и жирито уште со своето прво појавување на грандиозната сцена.
Фото: Инстаграм/ Ивана Димковски
Публиката посебно беше изненадена кога дозна дека младата девојка има говорна мана, односно дека пелтечи додека зборува,
Фото: Инстаграм/ Ивана Димковски
Но оваа шармантна млада дама го нема овој проблем додека пее, а како што самата изјави во една пригода, кога настапува воопшто и не размислува за тоа, па затоа и никој не забележува.
Фото: Инстаграм/ Ивана Димковски
Тоа беше општопознато и во „Пинк ѕвездички“ каде Ивана исто така се натпреваруваше, како и во „Ѕвездите на Гранд“, но не се истакнуваше никаде бидејќи таа не сака да зборува за тоа.
Овој проблем на Ивана и се јавил кога имала шест години и од тогаш се обидува да го реши со напорно вежбање, а пеењето и помага во тоа.
Фото: Инстаграм/ Ивана Димковски
Неодамна го објави својот прв спот, за песната „Зависна“, која беше одлично прифатен од публиката и важи за еден од омилените летни хитови.
Пејачката во последно време постојано настапува, а со своите бројни фанови редовно комуницира преку социјалните мрежи.
Уште неколку нејзини фотки погледнете во продолжение: