Имаше 47 синови и само една ќерка – погледнете како изгледа денес наследничката на Есма Реџепова, ќе се изненадите (фото)
Уште како девојче сонувала да биде пејачка. Сонот ѝ се остварил, а подоцна била крунисана за кралица на ромската музика, позната и ценета во целиот свет.
Тоа е нашата Есма Теодосиевска Реџепова.
По нејзиното заминување од овој свет остана само празнина во македонската музичка сцена, која никој не може да ја пополни.
Есма Реџепова имаше 47 синови и само една ќерка, а нејзината наследничка тргна по стапките на својата мајка.
Кралицата на ромската музика Есма Реџепова, покрај раскошниот глас, беше позната и по големото срце и хуманоста.
Учествуваше во многубројни хуманитарни акции, им помагаше на многу луѓе, а најголема почит заслужи фактот дека посвоила 48 деца.
Животот на Есма згасна во 2016 година, а нејзината најголема желба куќата во која живееше да стане куќа музеј, за жал, се уште не е исполнета. Имено, таа и покрај тоа што остави тестамент и имаше желба куќата да остане под заштита на државата и секој да може да влезе во неа, роднините го оспорија тоа и сега се на суд. И додека судењето не заврши, во куќата ништо не се менува, освен што се случија неколку немили настани за кои пишуваа медиумите.
Она што ја интригираше јавноста е тоа дека Есма од вкупно 48 наследници, посвои 47 момчиња и само едно девојче. Имено, Реџепова планирала да посвојува само машки деца, но 5 години пред смртта одлучи да ја посвои Елеонора. Есма беше воодушевена од Елеонора и за неа имаше само пофални збофови.
-Одлично се согласуваме, токму како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежни години е подобро да се има женско дете отколку машко и не се излажав. Елеонора студираше на Универзитетот во Скопје. Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е член ма бендот кој ме следи, говореше тогаш Есма.
Елеонора откако заврши со школувањето започна со изградба на кариера и на публиката пред неколку години ѝ се претстави под уметничкото име Малиша.
За медиумите изјави дека името го променила од тага и љубов кон внуката од нејзиниот брат која се вика Мали, бидејќи ја немала видено 10 години. Нејзиниот брат живее во Америка и многу ретко се гледаат.
Младата пејачка тогаш не криеше ддма и понатаму ја боли мајчината смрт.
-Нејзината смрт ме растажи до болка, ми требаше многу време да почнам да живеам нормално и да продоѓжам понатаму. И понатаму верувам дека ме чува од небото и дека се радува што продолжив по нејзините стапки, изјави Малиша.
Со драстичната промена на изгледот и на името, Малиша привлече овромно внимание.
Зад себе има голем број на настапи во повеќе земји заедно со Есмас бенд и соработува со Симеон Атанасов, кој и беше менаџер на Реџепова до крајот на нејзиниот живот.