Реклама
CelebrityХоливуд

Имаше само 32 години- Ненадејно почина славната комичарка, остави три малолетни деца

Џеки Ох, ѕвездата од серијата „Wild ‘N Out“

Реклама

На 32 години почина Џеклин Смит, позната како Џеки Ох, ѕвездата од серијата „Wild ‘N Out“. Таа почина во Мајами каде неодамна престојуваше со нејзината мајка, пренесуваат странските медиуми. Џеки веста за престојот со нејзината мајка ја споделила со фановите на Инстаграм, но многу брзо ја избришала.
Тажната вест потоа беше потврдена на социјалните мрежи на познатото шоу.

-Многу сме тажни поради смртта на Џеклин Смит, попозната како Џеки Ох, талентиран член на семејството „Wild N Out“. Ќе ни недостасува и запаметена засекогаш. Џеки беше сакана од сите нејзини колешки на сетот, во текот на сите пет сезони на шоуто. Уште поважно, таа беше одлична мајка на три прекрасни деца. Изразуваме искрено сочувство, се вели меѓу другото во соопштението.

Маркетинг
фото/Инстаграм

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button