Реклама
MAMAДом и семејство

Имате неуреден дом? Тоа значи дека сте креативен гениј

Реклама

Ако понекогаш се чувствувате како најлошата домаќинка на светот, а терминот „креативно растројство” секогаш ви звучи утешно и охрабрувачки, сигурно добродојдени ќе ви бидат резултатите од ова истражување.

Како изгледа вашиот дом?

Дали кутиите за играчки се празни, а подот е полн со играчки? Дали во кујната ве чека полна машина за миење садови, а пред да го принесете ручекот треба да ги отстраните кесињата, весниците и другите ситници од масата?

Маркетинг

Можеби понекогаш се чувствувате како најлошата домаќинка на светот , но според најновите истражувања, неуредниот дом би можел да значи дека вие сте всушност креативен гениј (Не, не се шегуваме, ова е вистина!).

Д-р. Кетлин Вос од Универзитетот во Минесота откри дека неуредната околина доведува до повисоки нивоа на креативност.

Маркетинг

Во нејзиното истражување, таа ги поделила испитаниците во две групи, ги ставила во уредна соба, а другите во хаос, и побарале од нив да најдат нови начини да ги користат топките за пинг-понг .

„Живеењето во неуредна просторија води до нешто што компаниите, индустријата и општеството сè повеќе го бараат – а тоа е креативноста. Се чини дека неуредната средина нè охрабрува да се ослободиме од традицијата, што може да доведе до нови, сознанија. Од друга страна, имаме Конвенционално размислување и играње безбедно “, објасни Кетлин Вос. Затоа и нередот го става нашиот мозок во креативен режим. Наводно, на Ајнштајн му се допаднал  хаосот и еднаш рекол: „Ако неуредната маса е знак на неуреден ум, што значи тогаш празна маса?”

Звучи утешно, нели?

Поврзано

Back to top button