Реклама
Вирално

Имате бугарски пасош, но не дозволувајте бројките да ве лажат – еве колку навистина заработуваат нашинците во Германија, Австрија, Шведска

Реклама

И додека поголемиот број граѓани во нашата земја живее со скромни примања, и одвај врзува крај со крај, некои од нив веќе размислуваат да заминат во туѓина.

Поради невработеноста, но и ниските примања кои се далеку од доволни за еден просечен нормален живот се поголем број граѓани размислува шансата да ја побара во некоја од државите во Европската унија, а некои дури и подалеку, во земјите како САД, Канада, Нов Зеланд или Австралија. Од друга страна голем е и бројот на оние кои во изминативе години веќе ја напуштиле државата и речиси и да нема човек што не размислува сериозно на оваа тема.

Маркетинг

Оние што размислуваат на оваа тема, се интересираат и за тоа колку е просечната месечна заработка во овие европски држави. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември во Македонија е нешто над 25.000 денари.

Од друга страна просечната нето плата во Словенија е некаде околу 1000 евра, Црна Гора нешто над 500 евра, а нешто подобро од Македонија се и Босна и Херцеговина и Албанија. Просечната нето-плата во Бугарија е околу 400 евра, а во Романија 515. Но нашиот народ во потрага по подобар живот најчесто заминува во Германија, Австрија и Шведска кои можат да се пофалат со повисоки примања, но и со подобри социјални програми и многу други погодности.

Маркетинг

Што се однесува до просечните примања во овие земји, кои важат за едни од најразвиените во Европската унија, во Австрија се околу 2000 евра, Германија со 200-300 евра повеќе, а во Шведска околу 2500 евра.

Колку се платени нашинците во Германија?

Според податоците на порталот „Дојче веле“ просечната месечна бруто плата во Германија за 2018 година изнесува 2950 евра. Но ова е бруто плата, а за да ја пресметате просечната нето плата, значи онаа која што на крајот од месецот ја добиваат вработените на своите сметки, откако ќе се одбијат даноците, всушност е 33 отсто помала.

Што значи дека реалната просечна плата во 2018 година во Германија била 1945 евра, а разликата од околу 1000 евра помеѓу бруто и нето платата се дава на државата во вид на даноци и давачки за разни осигурувања, кои потоа пак се враќаат на граѓаните низ разни социјални програми. Висината на данокот кој месечно се одбива од платата зависи од даночната класа на вработениот, односно дали живее во брачна заедница, дали е самохран родители, дали неговиот/нејзиниот брачни партнер работи, дали едниот брачен партнер заработува значително повеќе, дали работи на повеќе работни места, колкав имот има, дали семејството има земено кредити и сл.

Исто така не треба да заборавиме дека просечната плата всушност е апстрактен податок и не зборува за тоа колку се добри или лошо платени одредени занимања. Разликата помеѓу оние кои се на врвот на листата и оние на самото дно е огромна, како кај нас, така и во земји како Германија. Па така докторите кои имаат титула на примариус заработуваат во просек повеќе од 120.000 евра годишно, што значи повеќе од 10.000 бруто месечно, нешто помалку менаџерите во трговскиот и финансискиот сектор, а триесетина евра годишно помалку заработуваат лекарите специјалисти.

Од друга страна, оние кои се на дното на оваа листа, одвај врзуваат крај со крај. На неславно последно место се работниците што работат во кујна кои заработуваат во просек помалку од 2000 евра месечно бруто, додека келнерите и фризерите заработуваат само неколку десетина евра повеќе. И тие се меѓу најниско платените.

Меѓу најлошо платени занимања се и агентите во кол-центри, негуватели и возачи на камиони. Значително пониска од просечна германска плата имаат и медицинските сестри со малку работно искуство (во јавните здравствени институции), како и воспитувачите во градинки.

Па така гледано од аспект на Македонија, платите во Германија се значително повисоки, но гледано на пример од перспектива на Швајцарија, Луксембург и Данска тие се пониски. Тоа го покажуваат и статистиките и бројките, но и искуствата на сите оние кои заминале во овие земји.

Па така на пример доколку имате плата во Германија од околу 2000 евра, за месечни трошоци како што се кирија и сл, ќе потрошите околу 1000 евра (ова в случај да живеете сам во станот). Но и покрај големите трошоци, повторно ви остануваат пари за еден нормален и скромен живот, и со правилен распоред и штедење, можете и да напредувате.

Оние што имаат средено документи и добра работа, можат да реализираат и кредит па на тој начин и да земат куќа или стан и наместо за кирија, која во просек се движи од 500 до 700 евра, да плаќаат кредит. На ваков чекор најчесто се одлучуваат брачните парови кои заминале од некоја од балканските земји, а за еден таков случај можете да прочитате тука.

Бројките се поразителни!

Иселувањето е глобален тренд, но за економски кревка држава како нашата тоа е повеќе од голем предизвик. Младите луѓе се почесто ја напуштаат државата, а според неофицијални бројки, во Македонија во изминативе дваесетина години се иселиле околу 600.000 луѓе што навистина се загрижувачки податоци. Но најтрагично е тоа што овој тренд не запира, а по воведувањето на новите мерки во Германија, кои треба да се спроведат од 8 март годинава, се очекува да замине голем бран на млади луѓе кои се во потрага по подобра иднина. Тоа го кажува и истражувањето на германската Фондација Фридрих Еберт кое покажа дека две третини од младите во Македонија имаат желба да ја напуштат државата.

Половина од нив преземаат конкретни мерки, а другата половина засега само сака да се пресели во некоја од развиените земји во Европската унија,

Една од најпосакуваните дестинации им е токму Германија и досега најлесно заминуваа оние што имаат бугарски пасош.

Токму затоа и трендот за вадење бугарски пасоши се уште не запира, и покрај најавите на Бојко Борисов дека ќе се заострат условите за добивање бугарски документи. Македонците се уште поднесуваат барање во соседна Бугарија за да ги извадат потребните европски документи кои ќе им обезбедат подобра иднина, а како што објави „Дојче веле“, Македонците се привилегирани во процесот за добивање на пасоши.

Но со новите измени во законот, визите кои досега беа достапни само за луѓе со високо образование, ќе се прошират и на квалификуваните работници. И за нив нема да бидат потребни бугарски пасош, што значи дека нашите граѓани во блиска иднина ќе можат полесно да најдат работа во Германија. Овој пример се очекува да го следат и другите земји кои имаат проблем со недостаток на работна сила, а меѓу нив и сите оние кои се „интересни“ за нашите граѓани.

И како што рековме на почетокот, не дозволувајте бројките да ве излажат. Во Македонија можеби тешко се живее, но тука ни се најблиските, пријателите, тука пораснавме и секој од нас сака тука да остане до крајот на својот живот. Затоа направете ги добро математиките пред да одлучите. Во Германија ќе имате полагоден живот и помалку стрес, и нема да се плашите за вашата егзистенција, но дали тоа е доволно за да заминете и го напуштите местото каде што сте родени? Вашите корени? Доколку вашиот одговор е потврден, ние ви посакуваме среќа, каде и да сте, со кого и да сте….

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button