Реклама
Вирално

Имам 20 години и сум позитивна на КОВИД-19, девојка го раскажа своето искуство со коронавирусот и невообичаените симптоми

Реклама

Џулија Бускаља од САД била во Италија кога вирусот започнал да зема сè поголеми размери. Taa pрвите симптоми таа ги почувствувала на 29 февруари.

 

Маркетинг

Во својата објава на Твитер таа пишува.Имам 20 години и сум позитивна на КОВИД-19.

29 февруари: Целото тело ме болеше, имав трески и температура 37,8. Се напив аналгетик и останав во кревет цел ден.

Маркетинг

1 март: Докторот ме прегледа и рече дека имам настинка. За крако започнав да го губам слухот во моето лево уво, но заклучив дека можеби ми е само затнато.

2 март: Како што Италија стануваше место на загриженост, од нашата програма нè натераа да се вратиме дома.

3 март: Константно имав главоболка во текот на денот, која што ја лекував со Tylenol. Следното утро се вратив назад во Америка.

4 март: Слетав дома. Немаше ниту трошка сомнеж во мојот ум дека го немам вирусот.

5-13 март: Како што ни беше речено, останав во само-изолација во текот на овие денови.

13 март: Не планирав да се тестирам, но членови на моето семејство работат во здравство и сакаа да се уверат дека сум добро пред да се вратам на работа.

14 март: Повторно, немам симптоми, уште малку кашлам, но си реков дека не е ништо загрижувачко. Ги немав симптомите кои ги кажуваа на вестите, ме прегледа доктор и на никој царинарник не му беше гајле дека доаѓам од земја со висок ризик. Ви го кажувам сето ова, бидејќи симптомите кои ви ги кажуваат, не се СИТЕ симптоми.

Медицинското лице на кое секој ден му ја соопштувам мојата температура нема поим како се пренесува. Поради тоа сите треба да останеме дома. Јас ќе останам во карантин додека тестот да покаже негативен ДВАПАТИ. Дома сум од 5 март.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button