„Имам слаби траги од вирусот“ – Жика Јакшиќ трет пат се тестираше од коронавирус и испрати моќна порака до сите
Познатиот водител на култното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ од продукцијата Гранд Жика Јакшиќ потврди дека е позитивен на коронавирус.
Тој на Инстаграм сподели објава како вади крв и потврди дека е заразен од ковид-19.
-Драги мои пријатели, поради избегнување на било каква заблуда, сакавм да ве известам дека во четвртокот го направив првиот тест на крв кој покажа дека сум негативен, а потоа истата вечер направив ПЦР тест во приватна клиника и во петокот наутро ги добив резултатите кои покажуваат слабо присуство на вирусот. Под сомнение дека имам вирус тој ден не влегов на снимање, туку отидов во државната клиника „Драгиша Мишовиќ“ и повторно направив ПЦП тести и официјално резултатите ќе ги добијам вечерва. Јас се чувствуам одлично и немам никакви здравствени проблеми и се надевам дека нема да ги има никој кој овие денови беше во контакт со мене. Иако вирусот доста ослабна, за секој случај препорачувам да направите тест за ваша безбедност, а и да се осигурите за најблиските во вашето опкружување.
Последниве 10 дена владее коронаепидемија на српската естрада. Пејачката Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син Вељко потврдија дека се заразени од коронавирус, додека нејзината снаа Богдана Родиќ, заедно со новородениот внук Жељко и ќерката Анастасија се негативни на корона.
Меѓу пејачите кои правеа коронатест поради блискоста со Цеца и присуството на прославата за новороденчето беше и Александар Пријовиќ и нејзиниот тест излезе негативен.
Меѓу првите кои се заразија од коронавирус на српската естрада беше пејачот Ѓорѓе Давид кој воедно е и член на жирито на Ѕвездите на Гранд.
-Многумина познати кријат дека се заразени, а лежат со мене во болница, изјави Давид кој неколку дена се лекуваше на Клиниката за пулмологија во Белград.