Имам неподносливи болки, не можам ни вода да се напијам – Алекс ги ШОКИРАШЕ сите, по „Задруга“ реши да ги извади силиконите
Нејзиното видео крена голема прашина…
Поранешната „задругарка“ Александра Николиќ, позната и како Алекс, реши со хируршки зафат да го извади биoполимерот од устата, нешто што пред да влезе во „Задруга“ го направи и нејзината ривалка Далила Драгојевиќ.
Таа сите детали од интервенцијата ги откри на Јутјуб, каде покажа и како изгледа сега, по зафатот.
Александра во видеото покрај тоа што покажа како изгледа, опиша и како се чувствува по опеpaцијата.
Како што самата вели, чувствува болка, но тоа е нормално за првиот ден. Пие лe-кови, иако одвај може да се напие и вода.
Не може да јаде, но организмот и не и бара храна.
„Се уште сé е свежо, не е наместено како што треба. По некое време горната усна ќе се подигне, долната ќе се спушти, а отокот ќе помине“, објасни Александар одвај зборувајќи заради конците во усните.
„Повеќе никогаш нема да ја направам грешката да одам кај непроверен хиpypг. Устата ми пречеше бидејќи грдо изгледаше и грдо се снимаше. Човек треба да биде онаков каков што е природно, а не да се коригира заради трендови и да биде сé што поголемо, а некогаш помалото всушност е преубаво. Никој не ме наговори на операција, самата ја донесов одуката“, зборува Николиќ во видеото.
Таа потоа додаде дека за седум дена ќе ги извади конците, а до тогаш смее да пие само течности и тоа со сламка.
„Ми доаѓа да ги тужам личностите што ми ставаа биoполимер. Ми ја уништија устата. Почнаа да ми се прават дупки и нерамнини. Никој не ме предупреди на последиците. Видеа дека сум мала и само сакаа да ми ги земат парите. Повеќе никогаш нема да правам ништо, освен што доктор треба да ми ги среди краевите на устата кога ќе ми ги тргнат конците, но само со xијалурон, и тоа е тоа“, изјави во своето обраќање поранешната задругарка.
Таа потоа додаде дека да ја имала оваа памет никогаш не би се упропастила на овој начин. Се присети дека имала убави усни, но на човек никогаш не му е доволно, вели таа. Затоа сега ги предупредува останатите девојки, да учат од нејзиниот пример и да не прават кај непроверени луѓе ништо.
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Николиќ