Имам Даунов синдром, но мојот син порасна во добар човек и стана доктор – приказна што ќе расплаче многумина
Неверојатна приказна за Иса и неговиот татко

Приказната за еден стоматолог од Сирија преку ноќ стана вирална разнежи многумина ширум светот, па по неа се снимаше документарен филм за поддршка за лица со Даунов синдром.
Садер Иса е стоматолог од Срија. Тој има 25 години и живее со необично семејство – неговиот татко има Даунов синдром, но очигледно дека вишокот хромозом не го спречи да биде добар и грижлив татко и сопруг, со кого се гордее целото семејство.
И покрај сите предизвици со кои се соочувал во животот, таткото на Садер се трудел да го одгледа синот на најдобар начин.
Фото: @СадерИса
Како што денес вели самиот Садер, нивниот однос отсекогаш бил како и кај било кои други родители, со сите вообичаени подеми и падови.
Нивниот однос како семејство всушност покажува на сите дека се’ е можно, но и дека тие можат да ја променат перцепцијата и на останатите доколку одвојат момент и го погледнат од блиску животот на ова семејство во кое љубовта е на прво место.
Фото: @СадерИса
Таткото на Садер, Јад Иса, работи во млин во близина на својот дом, а неговиот син често му помага и го следи до работното место.
Фото: @СадерИса
Тој живее сосема нормален живот и луѓето го почитуваат и кон него се однесуваат како кон било кој друг бидејќи тој знае да им покаже како се пружа чиста љубов без да барате нешто за возврат, што денес навистина е реткост, каде и да се наоѓате на оваа земјина топка
Фото: @СадерИса
А најубаво е кога таткото ќе го запознае својот син со другите луѓе и гордо ќе покаже дека и покрај состојбата успеал да го направи најважното во животот, а тоа е да има дете и да го воспита ма вистинскиот начин за тој да стане добар човек, човек кој знае што сака во животот, но и како тоа да го оствари.
Фото: @СадерИса
Неговиот син денес е доктор по стоматологија, па кога ќе запознае нови луѓе овој татко секогаш со гордост кажува „мојот син е доктор“.
Фото: @СадерИса
Инаку, приказната за ова семејство е необична и затоа што навистина ретко се случува машки лица со Даунов синдром да имаат деца. И тоа според Националниот конгрес за Даунов синдром ова не е заради стерилитет, туку заради нивниот „недостаток на знаење“ за репродукција, пренесува босанскиот магазин „Азра“.