Имаме нова македонска Гранд ѕвезда – Карлеуша „шокиpaна“ од НЕВЕРОЈАТНАТА трансформација на Мите Стоилков
Македонецот нарави невиден спектакл
Мите Стоилков настапи во дуел со Мартин Ајдаревиќ. тие и двајцата освоија максимален број гласови.
Но од двајцата кандидати само Мите овој пат едногласно отиде директно во следниот круг, а Саша му порача дека е најдобриот кандидат од Македонија.
„Имавме доста добри кандидати од Македонија. Но за мене ти си најдобар Македонец“, изјави Саша Поповиќ.
Неверојатна трансформација
„Мите, кој си ти? Јас не те препознавам – изјави Јелена, па додаде: Каква преобразба беше тоа? Не го носи повеќе оние очила. Јас ни не знаев дека имаш косичка! Ти од грдото пајче се претвори во бел лебед, му порача популарната дива воодушевена од неговиот настап.
Инаку, фантастичниот пејач од Македонија во 2016 победи во музичкото шоу Ѕвездите на Пинк.
Tој тогаш ги освои сите со песната „Зајди, зајди“, а публиката одлучи дека тој заслужува да биде победник.
Тогаш Марина Туцаковиќ му порача дека испеал фантастично, а Цеца дека ја потсетува на Тоше Проески.
Мите во финалето на Пинк кога ја однесе победата си ги одмери силите со Јелена Џуриќ.
Талентираниот струмичанец има завршено средно музичко школо и е студент на Музичката академија, а во слободното време сака да спортува и да патува.
Има свое музичко студио и компонира, а досега има напишано повеќе песни.
Младиот пејач и во претходниот круг во „Ѕвездите на Гранд“ освои максимален број гласови и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков