Имаме лоши вести за оние кои се во врска – стигна периодот во кој партнерите се најневерни, времето на прељуби!
Главни виновници за ова се новогодишните забави, барем ако им веруваме на учесниците на ова истражувања.
На еден веб-сајт кој им помага на луѓето кои се во брак да најдат други партнери (да, на оваа луда планета постојат и такви апликации) IllicitEncounters.com, анкетирани се 1000 корисници и дојдено е до интересни, но малку шокантни податоци. Темата на истражувањето беше прељубата. Поточно, во кој период од годината повеќето луѓе се впуштаат во љубов и ги измамуваат своите партнери.
Нивните истражувања покажаа дека Божиќ е најпопуларното време во годината за мамење! Исто така, не се безопасни ни божиќните забави што се организираат од страна на фирмите во кои што работат. Поточно, според Insider, 57% од испитаниците се изјасниле дека направиле прељуба со својот колега од работата токму на овие собири.
Сексуалната тензија која само се зголемува со текот на годините, често на Божиќните и (пред)новогодишните забави се случува конечно да експлодира. Најчесто тоа придонесува големата количина на алкохол и релаксираната атмосфера на овие забави, која нормално не е дозволена кога сте на работното место, објаснува портпаролот на платформата IllicitEncounter.com Кристијан Грант.
Ако претходниот процент ви изгледаше голем, погледнете ги и следните (поразителни) резултати.
Неверојатни 85 проценти од испитаниците изјавиле дека токму празничното новогодишно расположение во нив буди страст, но и возбуда поради можностите кои ги носат со себе божиќните забави. Покрај тоа, скромни 32 отсто од оние кои извршиле измама кажале дека жалат заради тоа, додека дури 46 отсто од испитаниците одлучиле да ја продолжат својата возбудлива љубовна врска со новите партнери.