Реклама
MAMAКафе муабет

Имаме големи куќи, а мали семејства, многу дипломи а ни малку знаење!

Реклама

Ова е време на брза исхрана и бавно варење; големи луѓе, но со мал карактер; брзи плати и површни врски.

Ова е време на мир во светот, и војна во куќата. Времето за многу работа и малку слободно време за малку уживање. Време за разновидна храна и лошо јадење.

Токму за ова пишуваше американскиот стенд ап комичар Џорџ Карлин по смртта на неговата сопруга.

Маркетинг

-Парадоксот на нашето време е да имаме поголеми згради, но пократки нерви, широки патишта, но тесни видици. Трошиме повеќе, а имаме помалку. Купуваме повеќе, уживаме помалку.

Имаме големи куќи, а помали семејства, повеќе комотност, а помалку време, имаме повеќе дипломи но помалку разум, повеќе знаење, а помалку расудување, повеќе експерти, а уште повеќе проблеми, повеќе знаење во медицината, а се помалку здравје.

Маркетинг

Пиеме премногу, пуштиме премногу, трошиме непромислено, се смееме премалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме, прекасно легнуваме, стануваме уморни, читаме недоволно а гледаме ТВ премногу.

Патувавме на месечината, а проблем ни е да отидеме преку улица и да го запознаеме новиот сосед. Загосподаривме со надворешниот простор, но не и со внатрешниот. Направивме големи, но не и подобри работи.

Го исчистивме воздухот, а ја загадивме душата. Го разбивме атомот, но не и нашите предрасуди. Пишуваме многу, а учиме помалку. Планираме повеќе, а постигнуваме помалку. Научивме да брзаме, но не и да чекаме. Имаме повисоки згради, но и понизок морал. Имаме се повеќе храна, а сме се понеблагодарни. Градиме силни компјутери со голема меморија, а ние разговараме се помалку и помалку. Тежнееме повеќе кон квантитет, а забораваме на квалитет.

Запамтете: Поминувајте што повеќе време со вашите сакани, бидејќи тие нема да бидат вечно покрај вас. Кажете му понекоја љубезна реченица на оној кој ве гледа од горе со стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасне и замине.

Сетете се да му дадете топла прегратка на оној крај вас, бидејќи тоа е единственото богатство кое може да го дадете со своето срце а не ве чини ништо.

Извор: Бука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button