Реклама
Вирално

Имала 270 килограми и 12 години не станала од кревет: Мажот почнал да ја мами, а таа се ослабнала и му се одмаздила

Реклама

Лупе Самано имала 270 килограми и 12 години не застанала на своите нозе. Тие 12 години ги поминала во кревет во кој јадела, се туширала и вршела нужда. Имал толку сало околу вратот што не можела нормално да дише.

Кога наполнила 28 години, бројката на вагата покажувала застрашувачки 220 килограми. А почнала да се дебели во текот на пет години, кога родителите ја напуштиле. На 28 години и откажал бубрегот и тогаш се тргнало на полошо. Од таа операција на бубрегот повеќе не застанала на своите нозе поради тежината.

Лупе имала и сопруг Гилберт кого го запознала на интернет пред речиси 10 години, но дури и кога се запознале, како и во текот на целата врска не мрднала од постелата.

Маркетинг

Токму поради целата ситуација, таа решила да ослабе, но тој обид не вродил со плод, и се случило токму спротивното, добила уште 37 килограми, а работите до таа мера излегле до контрола што се заглавила на ВЦ школката при одењето на лекар, при што интервенирала и противпожарната бригада.

Маркетинг

На крајот од се, Лупе сепак успеала да ослабе неколку килограми, доволно конечно да и биде дозволено хируршко смалување на желудникот. Но додека била на таа операција, нејзиниот сопруг почнал да флертува со други, не само преку интернет туку и во вистинскиот живот. Тој тоа и го призна, со правдание дека бил сексуално фрустиран.

После операцијата Лупе е пуштена дома, но паднала во депресија. Одбила да се обиде да стане, па поради лежењето добила рани по телото, поради кои повторно морала на операција.

Набрзо ја пребродила кризата со сопругот, и натаму слабеела, и отишла на операција за затегнување на кожата. Веќе неколку дена после тоа, Гилберт барал да има секс со неа, а притоа се гледал и со други жени. Лупе се согласила на секс, поради што резултатите од операцијата биле уништени, па морала да биде повторена.

На крајот Лупе решила да се посвети самата на себе, а како килограмите се топеле, самодовербата и се враќала. Го оставила и се преселила кај родителите.

Двегодишната борба со килограмите резултирала со тоа што спаднала на 99 килограми. И натаму работи на симнување на вишокот, но е неспоредливо поздрава и како што вели, многу посреќна од моментот кога го испратила Гилберт од својот живот.

„Завршив со неговата прељуба, алкохолизирањето и злоставувањето. Видов дека како ги симнувам килограмите, работите стануваат се полоши. Неговата њубомора, неговата несигурност…Тоа не беше живот за мене“, објасни Лупе.

Та успеа да пронајде и нова љубов – Ендрју Рентиери, и порача дека денеска е посреќна благодарение на него, но и вербата во Бога.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button