Имаат нов член во семејството – Гавазова вдоми НАПУШТЕНО КУЧЕНЦЕ на кое сега животот ќе му стане бајка
Гавазова е позната по својата хуманост, а сега покажа и дека ги сака и животните
Гавазова ги воодушеви своите верни фанови
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова е позната и по тоа што е една хумана жена, а сега покажа и дека ги сака животните.
Имено, пејачката на својот профил на Инстаграм објави неколку снимки и фотки од едно мало кученце кое било отфрлено.
Таа реши да го вдоми ова мало „прасенце“ и покажа како изгледа сега откако заедно со ќерките го избањале и го исчистиле од болви.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа на својот Инстаграм објави слика од кученцето по вдомувањето, но покажа и како изгледало пред да го спаси и донесе дома.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката со оваа своја објава ги воодушеви сите, покажувајќи дека има големо срце и дека ги сака животните.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова на овој начин покажа дека сите луѓе кои се во можност да посвојат бездомно животно, треба да го направат тоа.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
На овие мали и слатки животинки луѓето им се потребни, а тие за возврат ќе ви го разубават животот и ќе ви бидат најдобри пријатели.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инаку, ова не е прв пат Гавазова да ја покаже својата хумана страна. Таа е позната и по тоа што редовно ги подарува своите фустани на своите обожавателки, а како што самата изјави во една пригода, би сакала сите да бидеме хумани и меѓусебно да си помагаме.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Хуманоста е доблест што во последно време не е на цена. Луѓето живеат во нивните телефони и не сакаат да ги видат другите и нивните потреби. Факт е дека кога ќе му помогнеме на некој, ние се чувствуваме убаво и исполнето. Затоа, ако ништо друго биди хуман од себични причини. Ќе ви биде убаво, но и на оние на кои ќе им помогнете“, искрено напиша Гавазова во една пригода, под своја објава на Фејсбук со која се приклучи во хуманитарна акција и повикуваше за донации и помош за едно болно лице на кое му беше потребна помош.