Емили и нејзиниот сопруг Себастијан Бер-Mеклауд, според „Њујорк пост“, не плаќаат кирија за станот во Њујорк, бидејќи тие пронашле „дупка” во законот – односно т.н. закон за поткровје.
Њујорк пост овој закон го опишува како „правна дупка со цел да ги заштити уметниците со ниски примања”.
Законот за поткровје заживеа уште во 1982 година со цел да се заштитат станарите со посиромашна имотна состојба во одредени згради во Големото јаболко, но исто така, и заради неоправдано зголемување на киријата или принудно иселување. Сепак, постои и Законот за поткровје за уметници, што треба да се разликува од горенаведеното.
https://www.instagram.com/p/BuObceTHX2s/
Овој закон наменет за уметници вели дека закупецот мора да има документ заверен од Државниот совет за уметност во Њујорк или градското одделение за културни прашања, за да може воопшто да живее во станот.
Сепак, тоа за сопругот на Емили, кој е актер и продуцент, воопшто не е проблем, што ги лути сопствениците на зградата кои тврдат дека Меклауд се уште лажно се претставува како уметник во подем, иако се проценува дека „тежи” најмалку околу 12 милиони долари.
https://www.instagram.com/p/Bt3-vzVnND-/
Киријата за споменатиот стан во „Bleecker Street“, во кој живее од 2013 година, ја нема платено од крајот на 2017 година, поради што во моментов е должен најмалку 120 илјади долари. Поради сето ова нему и на Емили им се лути и соседите. „Навистина се мизерни. Тие ги искористуваат предностите на нашиот систем и се потсмеваат со другите станари кои навистина едвај врзуваат крај со крај”, коментира навреден соседи, а пренесе „The Cut“.
https://www.instagram.com/p/Bs0vqjkh-I8/