Илјадници евра залепени околу главата на Цаки Кисми – фолкерот си замина дома полн како брод (видео)
Цаки Кисми повторно покажа зошто е крал на кафаните
Познатиот фолкер се надмина самиот себеси
Познатиот македонски фолкери Сашо Нојкиќ, попознат како Цаки Кисми, меѓу колегите важи за еден од оние пејачи кои на своите настапи и свирки зимаат најмногу бакшиш.
Но тоа е потполн заслужено затоа што Цаки атмосферата секогаш ја носи до лудило што може да се види и од следните видеа.
Имено, на социјалните мрежи испливаа неколку видеа од кои можеме да видиме како гостите го китат пејачот со пари.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Цаки Кисми пее додека расположените гости преку целото лице му лепат пари, а и рацете му се преполни со банкноти.
Фото: Фејсбук/ Цаки Кисми
Банкноти од по сто и двесте долари и евра едноставно летаат од сите страни додека тој ја пее печалбарската песна „За пусти пари проклети“.
Фото: Фејсбук/ Цаки Кисми
Парите беа насекаде околу него и покрај големиот куп што одвај го држи во рацете, голем дел завршија и на неговото чело.
Фото: Фејсбук/ Цаки Кисми
Кисми со ова покажа дека нема добра забава без него, но и дека по секоја свирка си оди дома полн како брод.
Фото: Фејсбук/ Марија Луиса
Но токму затоа Цаки Кисми е познат и како „крал на кафаните“, пејач кој знае како да ја расположи публиката со добра песна.
Тој е популарен во Македонија, но и во дијаспората каде исто така знае да направи луда забава која се памети.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
А како сето тоа изгледа од „лице место“, погледнете во продолжение…
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
На крајот погледнете го и видеото од уште една луда забава…
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ИНТВ
Погледнете и едно видео во кое Цаки Кисми ги крева гостите на нозе, кои исто така не штедеа пари и богато го наградија…