Иако во денешно време повеќето татковци ги чуваат и воспитуваат своите деца и помагаат дома, факт е дека се уште голем дел од обврските паѓаат на грбот на мајките.
Покрај предизвиците во приватниот живот, жените ги чекаат бројни нетипични предизвици во деловниот живот кои се поврзани со развојот на кариерата.
Многу луѓе сакаат да кажат дека од мајките на работното место често се очекува да работат како да немаат семејство за кое треба да се грижат, но исто така и да ги одгледуваат децата како да не се вработени.
Дека ова тврдење е вистинито неодамна го потврди на својот профил на Твитер и индискиот милијардер Ананд Махиндра, кој сподели интересната илустрација на перуанскиот карикатурист на која се прикажани мажите и жените на стартни позиции на трка. Додека жените на патот кон целта скокаат низ неколку необични препреки, мажите покрај нив трчаат по чиста патека.
I’ve been helping to baby-sit my year old grandson this past week & it’s brought home to me the stark reality of this image. I salute every working woman & acknowledge that their successes have required a much greater amount of effort than their male counterparts pic.twitter.com/2EJjDcK1BR
— anand mahindra (@anandmahindra) February 5, 2019
„Минатата недела имав можност да ја чувам својата едногодишна внука, што ми помогна да ја разберам и сфатам оваа илустрација. И честитам на секоја жена која работи и им ги признавам сите успеси бидејќи тие вложуваат дупло повеќе напор за разлика од нивните машки колеги “, пишува Махиндра, и благодарение на неговата објава на Твитер оваа илустрација стана вирална.
How about this sir pic.twitter.com/UFoCd8WU2H
— Bhupender Singh (@BS_Bhakuni) February 12, 2019
Меѓутоа, иако мнозинството се согласува со вистинитоста на горенаведената илустрација, има и такви кои велат дека мажите имаа голема грижа за издржувањето на семејството а токму тоа, според нивното мислење, резултира со бројни здравствени проблеми подоцна во животот.
Покрај тоа, имаше многумина кои истакнаа дека, иако се мажи, тие се подеднакво вклучени како и нивните партнерки во домашната работа и грижата за децата.