Илина го покажа своето бpyтално тело и кои вежби и помагаат за СТОМАЧНИТЕ МУСКУЛИ – изгледа неверојатно!

Познатата спортистка и уметница Илина Арсова ги покажа своите извежбани стомачни мускули и затегнатите раце.

Познатата спортистка изгледа запрепастувачки добро, а на Инстаграм сподели неколку снимки од своите тренинзи.
Таа покажа колку труд е потребно за тело како нејзиното, никого не оставајќи рамнодушен со својот изглед.
Илина најчесто прави вежби со тежина на телото, а омилени вежби и се склековите и стомачните.
Нејзините фанови се воодушевени со нејзиниот изглед и посветеноста со која што вежба на тренинзите, па во коментарите и пишуваат пофални зборови, нарекувајќи ја супер-жена и инспирација за фитнес.

Таа објави неколку снимки на својот профил со кои никого не истави рамнодушен, особено кога е во костим за капење.

Таа секојдневно тренира и здраво се исхранува, а како што и самата изјави во една пригода за Гламур, формата ја одржува преку возење велосипед, пливање во нашите природни езера или качување на карпи, соодветно опремени за тоа.

Што се однесува до тоа каква храна сака и што е она што најмногу готви, таа вели дека сака едноставна храна, но и дека обожава мешавина од вкусови. Речиси во се што приготвува става неколку видови семиња, а често јаде јајца, просо, леќа, сите видови тестенини, различни видови сирења.





Покрај здравата храна, Илина е врвна спортистка која тренира речиси секојдневно, а како изгледаат нејзините тренинзи погледнете од галеријата во продолжение…

Таа неодамна се пресели во Америка, каде доби стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот во Тенеси. Како што самата објави на нејзиниот профил на социјалните мрежи, ваквата одлука не била лесна во поглед на љубовта и фамилијата кои и недостигаат секојдневно, но како што вели, и на овој нејзин нов Монт Еверест, кој долго беше на листата, конечно му дојде редот.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова