Реклама
Наши ѕвезди

Илда, ќерката на Шабан, со часови седи и плаче, и не излегува од дома. Нејзиниот брат реши да ја откаже свадбата

Реклама

Семејството на Шаулиќ се уште е во голема тага

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи пред еден месец во Германија, во близина на градот Билефелд. Неговото семејство го испрати во Алејата на заслужните граѓани во Белград, а болката за него не престанува.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Според српските медиуми, неговата ќерка, Илда Шаулиќ, најлошо се носи со големата загуба, а извор близок до пејачката открива дека е целосно повлечена во себе и дека воопшто не излегува од дома. Таа по несреќата не се јавува на телефон кога ја бараат пријателите, а од дома излегува само кога оди кај својата мајка и на гробот на својот татко каде со часови седи и плаче. Со неа постојано е нејзиниот сопруг кој мораше да ги откаже сите нејзини настапи, а за нови песни не сака воопшто ни да зборува.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Шабан Шаулиќ

Според истиот извор, а како што пренесуваат српските медиуми, најдобро се држи синот на Шабан, Михајло, кој мораше да ја помести свадбата со својата свршеничка што требаше да се случи оваа година. Но тој мора да биде цврст и прибран бидејќи во овие тешки моменти треба да се грижи за неговата мајка и сестра, кои се уше се во шок и голема болка поради Шабан, вели изворот.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button