Реклама
Наши ѕвезди

Илда Шаулиќ објави добра и лоша вест: Лошата е дека има корона, добрата е …неизмерна радост

Реклама

Ќерката на легендарниот фолк пејач Шабан Шаулиќ, Илда преку социјалната мрежа Инстаграм проговори за својата здравствена состојба, истакнувајќи дека навистина е болна од коронавирус.

Воедно, таа дознала и дека е бремена, на што заедно со членовите на семејството, многу се радува.

Маркетинг

Моментално, Илда се наоѓа во самоизолација.

– Драги мои, имам со вас да соделам две вести, едната најубава и другата не толку добра. Првата е дека нашето семејство ќе стане побогато за уште еден член, на што неизмерно се радуваме. Токму поради бременоста, отидов да се тестирам и добив резултат кој покажа дека сум позитивна на ковид-19. Веднаш да ви кажам дека немам симптоми, добро се чувствувам, така што немате причина за загриженост, но истовремено сум свесна за сериозноста на ситуацијата, така што ги презедов сите пропишани мерки, вклучувајќи и самоизолација. Ви благодарам однапред за убавите желби, чувајте се и бидете ми добро. Ве сака Илда, порача таа во најновата објава на споменатата социјална мрежа.

Маркетинг

Илда е мајка на ќеркичката Ема.

Поврзано

Back to top button