Реклама
LIFESTYLEВирално

Икона со исцелителна моќ која лечи болни во црквата „Света Петка“ во Црниче

Реклама

Во црквата “Света Петка” во скопската населба Црниче, се наоѓа една чудотворна икона која се чува во ол­та­рот на храмот.

Овој храм е подигнат и осветен во 1923 година, но чинот на осветување и поставување на камен-темелник за изградба на црквата бил извршен во 1904 година.

Приказната за чудотворната икона со исцелителна моќ е поврзана со скопјанката Фаница Нанчева која била родена во 1915 година. На 26 годишна возраст таа почнала да живее во станот на еден свештеник, кој заминал за Србија. Таа во подрумот од станот пронашла необична икона од пресвета Богородица, за која никој не знаел дека постои.

Маркетинг

– Иконата, на прес­ве­та Богородица, стоела, во еден агол од нејзината со­ба. Покрај нејзе и останатите две икони постојано горело кандило. И тогаш започнале да се случуваат чуд­ни нешта. Ноќе, необичен звук и тропање се слушале од местото каде што се на­о­ѓа­ла иконата на света Богородица. Една ноќ, сопственичката забележила како среб­ре­на монета паѓа од иконата. Тоа бил чуден звук на паричка од нематеријална природа. Ед­но утро, кога се разболела, од очите на иконата потекле солзи. Таа не можела да по­ве­ру­ва во глетката, сe додека солзите не ги собрала во еден сад. Подоцна иконата мно­гу пати ја покажала својата чудотворност. За заздравување на болните деца или за добивање пород на бездетните брачни двојки, откако ќе се помолеле пред неа. Сопс­тве­нич­ка­та го послушала советот на тогашниот старешина на црквата “Света Пет­ка” Ацо Стојковски, и иконата ја предала во божјиот храм. Иконата и денес се на­о­ѓа таму.

Света Петка е  христијанска црква, која се наоѓа во населба Црниче во Општина , Кисесла Вода . За 20 години била изградена целосно и осветувањето го извршил тогашниот скопски митрополит Варнава (1920-1930). Постои камен-плоча на која може да се прочита дека храмот бил завршен и осветен на 3-09-1923-та година. Црквата е градена според традиционалниот византиски стил.

Маркетинг

Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи но и од многу болести. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на Св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка.Во народот позната како света Петка. Неа и е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче.Во спомен на Преподобната Параскева Петка Трновска, Светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27 /14 октомври и што во народот е познат како Петковден.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button