Некои соби станаа толку познати што ги знаеме сите детали во нив и ги гледаме како да се дел од нашата куќа – иако ние никогаш не сме влегле во нив.
Па така Икеа одлучи да го искористи овој момент во една од најсилните кампањи на годината.
Во рамките на проектот „Икеа реалниот живот” се репродуцираат просториите од култните ТВ серии како „Симпсонови” и „Пријатели”.
Тимот на Икеа со месеци работеше, помина низ стотици елементи за да ги пронајде парчињата што ќе ги заживеат овие легендарни соби. Тоа беше одлична соработка што доведе до неверојатни резултати.
Тоа е она што Икеа навистина го претставува: место каде што секој може да заживее некоја идеја – изјави Винод Џејан, шеф на менаџментот на Икеа за Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет и Оман.
Па, изгледа дека направија навистина добра работа, нели?