Изјава која ќе ви го скрши срцето: Прво го изгубив брат ми на три минути а потоа и моето бебе!
Гудељ заплака поради загубената ќерка...
Ви благодариме многу за поддршката и за се што ни дадовте, не само во овој момент, туку и во текот на целата сезона“, низ солзи изјави Немања Гудељ, кој во Будимпешта заедно со својот фудбалски клуб од Севиља ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Веднаш штом се вратија во Шпанија, тој и неговите соиграчи на улица беа пречекани од навивачи и жестоки навивачи на клубот за кој настапува.
Во еден момент шампионите излегоа на балконот да ја поздрават публиката, а Гудељ им се обрати на сите и заплака.
🙏 Gudelj le dedica la Europa League a su hija recientemente fallecida.
💬 “Es uno de los años más difíciles de mi vida”.
Маркетинг💬 “Perdí a mi hermano tres minutos y a mi bebé. Esto va por ella”. pic.twitter.com/inpYgMvfNP
— Relevo (@relevo) June 1, 2023
– Ви благодариме многу за поддршката и за се што ни дадовте, не само во овој момент, туку и во текот на целата сезона. Ова беше една од најтешките години во мојот живот, го изгубив брат ми на 3 минути, а потоа го изгубив моето бебе… – рече со растреперен глас и на крајот заплака.
– Патем… Ниту еден момент, ниту една секунда не помина, да не ја почувствувам вашата поддршка. Но, не се откажав поради сето тоа. И ова е за неа и за сите нас – изјави Гудељ.
Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и Немања неодамна ја споделија веста дека наскоро ќе станат родители и дека чекаат девојче, но, за жал, бременоста беше прекината, за што тој ја информираше јавноста преку Инстаграм.
Инаку, неговиот брат Драги Гудељ во март годинава се онесвести среде натпревар во шпанската трета лига. Се се случи во 13. минута од натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Ферола.
За среќа по брзата интервенција на лекарот се освестил, но лекарскиот тим решил итно да го префрли во болница.