Изјавата на Иван Пернар направи хаос и на социјалните мрежи: „Старите во карантин, на младите вратете им го нормалниот живот!“
„Ако инфекцијата се шири слободно, епидемијата треба да заврши за 90 дена“, вели тој.
Хрватскиот пратеник Иван Пернар од истоимената партија во средата го критикуваше пристапот на Хрватска за спречување на епидемијата со коронавирусот, залагајќи се за како единствено разумно решение „селективен карантин“ за постари и сериозно болни, но не и за здрави, млади луѓе.
На парламентарната расправа на слободна тема, Пернар посочи дека за чувствителните групи јавниот превоз, кафулињата, кината, театрите, односно за сите стари лица и лицата со сериозни заболувања, овие места треба да бидат затворени и дека на здравите, на младите треба да им се овозможи да живеат нормално и да ја прележат оваа болест.
Тој вели дека медиумите го прикажуваат вирусот корона како општа опасност за сите, иако не е тоа. „Просечната возраст на оние кои го изгубиле животот од корона е 78 години, што е просечен животен век во Хрватска. За здравите, младите луѓе, овој вирус не е опасност”, вели Пернар.
Ако инфекцијата се шири слободно, епидемијата треба да заврши за 90 дена, вели тој.
Тој исто така изјави дека за да се здобијат со колективен имунитет на некоја болест, 60 до 70 проценти од членовите на едно општество треба да се разболат.
Ова е важно да се знае затоа што со стапката од 100 пациенти на ден, онолку колку што има Хрватска и која „се залага од страна на министерот Берош“, ќе бидат потребни 65 години за 60 проценти од населението да стапи во контакт со вирусот, пресмета тој пред пратениците.
„Да дозволевме вирусот да се шири слободно, како Швеѓаните, епидемијата ќе завршеше за 90 дена“, вели Пернар.
Резервите околу неговите ставови беа изразени од неколку пратеници во хрватското собрание. Милорад Пуповац (СДСС) и малцинскиот италијански претставник Фурио Радин. Радин за ставовите на Парнар изјави дека се глупост!
Пуповац истакна дека повеќето од земјите чии мерки се следат го применуваат правилото за социјално дистанцирање и во тоа ја гледаат најефикасната мерка за борба против пандемијата, а втората мерка е развој на вакцини.
„Сè друго е експеримент“, вели тој.
Радин му рече на Пернар дека се залага за „необични теории“ и дека не држи вода се’ што зборува за пандемија.
Изјавата на Перер предизвика жестока дискусија и на социјалните мрежи, каде има и голем број што го подржуваат.
Што мислите вие за ова?