Изненадно почина познатата манекенка – Причина за смртта сеуште мистерија!

Манекенката, актерка и танчерка Таби Браун ненадејно почина на 38-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди нејзиниот поранешен менаџер на странски медиуми, но причината за смртта не беше откриена.

Неочекуваната смрт ги погоди и нејзините блиски пријатели, но и колегите, кои во коментарите и објавите на социјалните мрежи се збогуваат со Браун, не криејќи ја болката од прераното заминување на познатата манекенка, како и фактот дека целиот случај е обвиткан во мистерија.
Браун се појави во голем број рекламни кампањи за различни брендови, како што се „Канон“, „Врџин“, „Атлантик“, и „“Линкс“, а учествуваше и во реалното шоу „The Bachelor“.

Таа се појави и во музички спотови на Снуп Дог, Дизи Раскал и Б.О.Б. Магистрирала на маркетинг.
„Каква светлина беше, надворешноста ти се поклопи со внатрешноста, толку убава“, „Искрено сум шокирана и тажна што те нема“, „Почивај во вечен мир Таби“, се само дел од коментарите.

Инаку, Таби Браун е родена во Лондон и во текот на кариерата била модел за магазинот „Космополитен“.
Таа беше позната и по тоа што некогаш беше во врска со фудбалерот Рахим Стерлинг.




