Реклама
LIFESTYLEКултура[тор]

Изложба за подобро утре: „Емоции за еден град”

Реклама

Изложбата Celebrate Life/Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 18 јануари 2019 година во галеријата „Акантус“ во Дебар Маало со почеток во 20 часот.

Изложбата опфаќа илустрации кои што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година. Секоја од нив засебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина.

Илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот. Загадениот воздух е токму темата која што ќе ја обработува изложбата, а истата е инспирација и за новата капсулна колекција на дуксери која што ќе биде промовирана во рамки на изложбата.

Маркетинг

Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари 2019 година, a проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

 

Маркетинг

Поврзано

Back to top button