Реклама
Наши ѕвездиСтил

Издание на познатата скопјанка што мами воздишки – половината тенка, тетоважите на мегдан (фото)

Изгледа атрактивно, но и божествено во исто време

Реклама

Познатата дама носеше тоалета која само најхрабрите жени можат да ја носат, но во која изгледаше неодоливо.

Инфлуенсерката Агнеса Органџиева овој викенд заблеска во едно од најубавите изданија досега, а главен виновник за тоа беше провокативната креација што ја носеше и со која ги воодушеви и мажите и жените, а најверојатно и „неопределените“.

Имено, што и да облече оваа дама многу лесно станува предмет за дискусија во нашата јавност, а ништо поразлично не беше и сега.

Маркетинг

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Станува збор за креација за која многумина се со поделени мислење, но она што е сигурно е дека Агнеса во неа блескаше.

Маркетинг

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

И додека за едни ваквите комплети се премногу отворени, па дури и вулгарни, за многу други дами ова е вистинскиот избор.

Посебно доколку сакаат да го украдат вниманието, но секако само доколку ги носат во соодветни пригоди.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Ваквите креации секако дека не се за родителски состанок или интервју за работа, но затоа за некоја летна журка се полн погодок.

Агнеса едноставно блескаше во ова црвено здолниште направено од тантела што оставаше впечаток како да се проѕира сé под него, додека кусиот горен дел ја истакна нејзината тенка половина.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Таа целото издание го зачини со огрлица со бели бисери, црвен кармин и убава, долга коса со локни со која исто така пленеше.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Станува збор за креација која е идеална доколку планирате ова лето да скокнете на некоја забава во Барселона, Ибица или Миконос, но во која истовремено најлесно ќе се претворите во модна икона.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Агнеса?

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Кликнете тука и погледнете уште едно црвено издание, но овој пат во режија на водителката Лила Филиповска…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button