Изгледа совршено по породувањето: Турската убавица за прв пат во јавност по раѓањето на второто дете- облече црни хеланки и доби низа комплименти
Убавата Неџла се врати во форма...
Јавноста го запозна турскиот актер Бурак Озџивит, по улогата на Бали-бег.
Црномурестиот згоден актер, за кратко време стана еден од омилените на женската публика.
Тој со години ги привлекува воздишките на дамите ширум светот, но и неговата сопруга не е ништо помалку популарна кај посилниот пол.
Убавата Фахрије Евџен и Бурак имаат два сина. Постариот син Каран неодамна наполни четири, а помалиот син се роди пред неколку месеци.
Бурак и Фахрије важат за една од најубавите двојки во Турција. Каде и да се појават мамат воздишки. Но овој пат акцентот беше ставен на Фахрије која доби низа комплименти.
Сопругата на Бали-бег ја доведе линијата до совршенство веднаш по нејзиното второ породување, а доказ за тоа се нејзините најнови фотографии од Инстаграм.
Фахрије сподели фотографии на кои е опкружена со идиличен пејзаж, но најголемо внимание привлекува нејзината витка фигура.
Таа носеше кроп топ кој го истакна нејзиниот тесен струк, а тесните црни хеланки ги истакнаа нејзините совршени нозе.
За својот изглед Фахрије доби низа комплименти, а сигурно и Бурак се гордее со својата сопруга.