Реклама
Наши ѕвезди

Изгледа како да и го подариле бебето – Пријовиќ повторно ги запали социјалните мрежи

Реклама

Новопечената мама Александра Пијовиќ во претходните неколку недели беше на одмор во Монте Карло, а потоа им се врати на своите работни обврски.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Пејачката на ова монденско место го искористи убавото време за сончање и уживање во морето, а на социјалните мрежи сподели неколку  интересни фотографии со кои ги воодушеви своите верни обожаватели.

Имено, згодната пејачка покажа совршена линија – рамен стомак и совршено деколте, поради кое многу дами што ја следат веднаш се запрашаа во што се крие тајната на нејзиниот олку добар изглед.

Маркетинг

Меѓу нив и познатата српска актерка и манекенка, Ивана Кораб, која го коментираше нејзиниот изглед.

„Изгледаш како да ти го подариле бебето, а не да си го родила! Секоја чест на линијата!“ и напиша таа.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Истото се случи и под последните фотографии што Пријовиќ ги објави деновиве на својот профил на социјалните мрежи. Обожавателите повторно беа запрепастени од тоа како изгледа, а поминаа само четири месеци откако се породи, со што предизвика лавина од коментари.

Како пејачката изгледа во куси тексас шорцеви, со бујно деколте и неверојатно шик сандали погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

По фотографиите во бикини, популарната пејачка објави и неколку фотографии на кои е во провокативно издание, а поради нејзините долги нозе и бујно деколте повторно горат социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Во преден план се нејзините облини поради кои припадниците на посилниот пол не можеа да останат рамнодушни.

Како што можете да видите, на најновите фотографии новопечената мама позира во куси шорцеви, со кој ги истакна нејзините долги нозе, како и во отворена маица со која го откри нејзиниот рамен стомак и бујното деколте.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button