Изгледајте како Кејт Мидлтон со фустан од Зара од само 1000 денари
Кејт Мидлтон не престанува да ги воодушевува вљубеничките во модата со парчиња што може секоја жена да си ги дозволи.
И додека Меган Маркл многумина ја осудуваат заради трошењето шари на скапоцени тоалети и модни додатоци, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, по кој знае кој пат покажа дека може да изгледа беспрекорно, елегантно и убаво во модна комбинација за која не треба многу пари.
Имено, таа неодамна во друштво на својот сопруг принцот Вилијам се појави во црно-бел пепито фустан со потписот на познатиот шпански моден бренд „Зара“.

Во прашање е модел кој чини околу 1000 денари
Креацијата е со должина до под колената, направена е од женствен крој и може да стои убаво на секое женско тело. А како главен детаљ кој додава доза на романтика во целото издание е панделката која се врзува на вратот.

Кејт романтичниот фустан од Зара го носеше со едноставни црни салонки со високи блок потпетици, а преку него носеше капут од Александер Меквин.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на војвотката?