Реклама
Наши ѕвезди

Изби BOJНА меѓу двете згодни македонски пејачки: „Си ги изми ли забите пред да ме спомнеш“

Реклама

Нова „во-јна“ на естрадата, двете популарни пејачки почнаа да си разменуваат сочни навреди една за друга.

Македонските фолк-пејачки, имењачки, Сања Цинцева и Сања Гроздановска очигледно имаат некаков проблем една со друга, штом почнаа јавни навреди.

Маркетинг

Двете беа доста активни и барани пред да започне пандемијата. Нстапуваа по клубови, кафеани, фестивали, а секогаш со својот атрактивен изглед публиката ја креваа на нозе.

Маркетинг

Но, поради пандемијата и двете долго време немаат настапено.

Сања Цинцева или во јавноста позната како Сања Барби пред ивесен период беше дота актуелна во јавноста поради својата објава на социјалните мрежи, каде нпиша навредливи зборови за некои свои колешки.

ФОТО: Сања Цинцева / Фејсбук

Имено, пејачката изреволтирана испрати порака до некои свои колешките, за кои слушнала дека ја споменувале во лош контекст, па им се обрати:

„Ми кажаа дека некои анонимуси ‘певалки’ кои пеат за 2000 денари, го валкале моето име наоколу. Па ај реков да им одговорам вака јавно. Ве разбирам, а во исто време Ве жалам, паднавте толку ниско што за да дојдете до малку публицитет и да привлечите внимание го валкате моето име и мојот углед! Вие сте далееееку позади мене, немате ни една Ваша хит песна, ниту 1 денар вложен во Вашата маалска кариера.

Од тука го разбирам Вашиот гнев, љубомора, затоа што мојата кариера е богата со неколку хитови, меѓународни настапи и договори со странски продукциски куќи, нови и тренд спотови… Ви ветувам дека повеќе нема ни да Ви посветувам внимание затоа што не вреди на Вас да трошам време.

ФОТО: Сања Цинцева / Фејсбук

Продолжете да пеете за 2000 денари и тапкајте во место без никаков успех. Ако Ви треба стручен совет побарајте ме, ќе Ви помогнам барем 10% да Ви вреди Вашиот настап во однос на мојот. Со овие Ваши постапки само се потврдува дека сте за жалење и дека сте ОЧАЈ!!! Ми е жал што ја понижувате нашата професија, ние сме вложиле многу финансии во нашите кариери, за разлика од Вас“, напиша Сања на Фејсбук.

ФОТО: Сања Цинцева / Фејсбук

Откако заврши „бурата“ околу овој нејзин статус на Фејсбук, започна нова медиумска војна.

Сања Сани Гроздановска ѝ се налути на Барби, па напиша статус за неа.

„Само да прашам, Сања Барби Цинцева, дали си ги изми забите пред да го спомне јавно моето име? Ако не па да ѝ купам четка и паста за заби“, запраша Сани на Фејсбук.

Засега не е позната причината за ваквата објава, а во коментари под статусот кога пријателите ја прашаа „Која е Барбика Цинцева“, Сани одговори: „Една што сака да биде пејачка“.

Со олед на тоа дека се владее пандемија и кај нас и во светот, музичарите се лишени од настапи.

ФОТО: Сања Цинцева / Фејсбук

Токму поради тоа многумина се одлучија за промена на професијата.

Така и Сани одлучи да направи промена во својот живот и си најде нова работа.

Имено, таа започна да работи во неодамна формирана компанија за мобили услуги „Green mobile“.

Засега не го конкретизираше работното место, работната позиција, ниту пак висината на примањата, која што и да работи е секако далеку помала од естрадните пари, ама како што е познато, не е време за пребирање.

Пејачката доби многу честитки и убави желби упатени преку коментари под објавата.

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

Највпечатлива беше онаа од нејзиниот колега Трајче Толевски.

„По многу години воспитување, дојде време ти да кажеш ‘се вработив’… Ти не се вработи, ти си тука само за да ги ‘просветлиш’ користејќи го твојот светски имиџ… Само се секирам што ќе биде со тој што ќе одбие да потпише договор? Господ напомош“ – шеговито напиша музичарот.

На написите во медиумите дека професиј сменила затоа што морала, Сани возрати:

„Да ги исправам порталите!!! САНИ НЕ МОРАШЕ!!! Фала Богу САНИ ДОБРО ЗАРАБОТИ ПРЕД КОРОНАТА!!! Сани сакаше да докаже на сите злобни луѓе кои ги навредуваа пејачките дека е неспособни, дека се многу ПОСБОСОБНИ ОД НИВ што седат и по цел ден шират злоба по фејсбук!!!! Сани не прави ништо од што би се срамела!!! САНИ Е МАЈА, ДОМАЌИНКА, ПЕЈАЧКА, И РАБОТНИК!!!!!

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

 

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

Поврзано

Back to top button