Реклама
Вирално

Избегнувајте ги максимално! Лекарите на овие 10 места никогаш не би отишле во период на корона

Реклама

Во текот на пандемијата од коронавирус многумина одбегнуваат одење во трговски центри, кафулиња, свадби или погреби. Меѓутоа, и кога нема такви опасности, во секојдневниот живот универзално постојат места кои се посебно ризични.

– Најголем ризик за зараза претставуваат затворените простори во кои владее гужва – објаснува д-р Сара Кејт, професорка по хирургија во Њујорк и додава дека отворените површини се најсигурни. Лекарката по семејна медицина, Неха Вајс од клиника во Кливленд додава дека за лицата кои се во ризична група препорачува да се одбегнуваат места каде луѓето се собираат.

Маркетинг

Ова се места на кои лекарите никогаш не би отишле поради моменталната ситуација:

1. Јавен тоалет

Маркетинг

Ако можете да го одбегнете некако, тогаш сторете го тоа поради бактериите и вирусите кои таму можат да се најдат. Ако веќе морате да влезете внатре внимавајте дали и колку е чисто. Ако морам да користам јавне тоалет тогаш внимавам колку е чисто. На излегување добро ги мијам рацете, а тоа го правам и кога ќе ја напуштам просторијата“ рече Вајс.

2. Банка

Ако можете да плаќате сметки и да ги вршите другите работи по електронски пат, задолжотечно сторете го тоа и не одете во банка зошто парите се едни од највалканите предмети на светот и докажано е дека на себе можат да носат голем број бактерии и вируси. Од тие причини подобро е да користите кредитна картичка за да одбегнете ризик.

3. Ресторани

И ако сте имале навика да одите во ресторан за ручек или вечера, сега добро размислете пред да резервирате маса. Иако не постојат забрани, треба да проверите дали келнерите носат заштитни маски.

4. Кафулиња

Можеби е добра идеја малку да се воздржите од околу одењето во кафулиња. Д-р Кејт советува засега да се откажете од таа идеја. Таквите простори се различни зошто многу луѓе ги допираат површините како кваки и столици. Тешко е да се одржува беспрекорна хигиена, а вирусот во такви простории многу брзо се шири. Но, ако веќе морате во кафуле, внимавајте што допирате, не го допирајте лицето со раце и задолжително измијте ги по излегување.

5. Верски објекти

Како многу затворени простори, д-р Кејт не препорачува ни одење во црква, освен ако се води грижа за сигурни чекори, како ограничен број на посетители. Ако одите во црква тогаш носете заштитна маска и запаметите дека треба да го одбегнувате контактот со другите.

6. Теретани

ФОТО: verywellfit.com

Покрај сета таа пот која е присутна на тренинг, веројатно знаете дека теретаните можат да бидат извор на зараза. Минатогодишната судија покажа дека 25 отсто од површината во теретаната е позитивна на бактерии отпорни на лекови и патогени на грип. Ако одите во теретан, сите површини дезинфицирајте ги, држете растојание и добро измијте ги рацете и облеката после тренингот.

7. Базени

Иако не постојат докази дали вирусот може да се шири преку вода, бројот на луѓе кои се наоѓаат ва базен може да биде опасен, па ако тука има кивање, ракување, бришење нос и пот, претпазливоста е повеќе од потребна. Во Њујорк на пример, базентие нема да бидат отворени зошто едноставно не е пронајден начин да се држи социјална дистанца. Ако ви е јасно дека не можете да одржите социјална дистанца, не одете на базен.

8. Трговски центри

И во нив има толку површини кои лесно содржат вируси, а оние за кои никогаш не се размислувале, како копчиња во лифт или закачалки, исто така се потенцијален извор на зараза. Со одлед на тоа дека се работи за големи простори, тешко е се постојано да се држи постојано дезинфицирано. Докторката додава дека во овој случај подобро е да се одбере онлајн купување.

9. Концерти

zabava5 cr

Иако повеќе концерти се откажани, ако размислувате за одење на некој, лекарите советуваат: „Јас со задоволство би останала дома отколку да одам на концерт или било какво собирање на луѓе“.

10. Кино

Како и рестораните и ова е место каде лекар во оваа ситуација не би влегол. Ситуацијата е иста – премногу сте блиску до другите лица и лесто ќе дојдете во контакт со нив. Филмови гледајте си дома.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button