Вирално

Идентични близначки родија синови во ист ден во иста болница

Advertisement

Живеат на различни краеви во Америка но решија да се породат во ист ден и тоа во иста болница – запознајте ги еднојајчаните близначки кои во исто време останаа во блажена состојба и родија машки деца …

Advertisement

Сонот на близначките Џалин Ејприл Крафорд и Жанел Ан Леополдо им се оствари кога нешто повеќе од девет месеци докторите им кажаа дека се бремени и дека ќе родат машки деца. Џалин три дена откако дознала дека е во блажена состојба добила порака од нејзината сестра во која и таа и открила дека е бремена. „Тоа беше божјиот одговор на нашите молитви“ вели таа за „People“.

Жанел има полицистични јајници поради кои имала проблем со плодноста. Џалин пак имала два спонтана абортуса. И додека близначките се обидувале да останат бремени, минатата година животот го изгуби нивната сестра.

Advertisement

Но и покрај трагедиите што им се случиле, тие на крај успеаја да си го остварат сонот. Живеат на други краеви на Америка па одлучија да бидат заедно за време на бременоста за да нивните родители би можеле да бидат присутни на породувањето и на двете ќерки. Всушност одлучиле да ја проверат можноста дали постои опција да родат бебиња во ист ден. Откако докторите им кажале дека тоа е можно бидејќи бебињата се на еднаква гестациска возраст, Жанел си ги спакувала куферите и заедно со целото семејство дошла во Аризона кај нејзината сестра близначка шест недели пред терминот.

И така тие на 18 јуни заедно заминаа во болница. Џалин се породила наутро, а нејзината сестра неколку часа подоцна.

Џалин својот син го крст Брајсон Рајдер, а Жанел на детето му го даде името Џејс Алан. Тие сега имаат три месеци и веќе се најдобри пријатели, а Џалин која има четири деца вели дека сега семејството и е целосно

„Од сигурни извори знам дека и мојата мила сестра и нејзиниот сопруг сакаат да имаат четири деца па за нив очигледно се уште не е готово“, со насмевка вели таа.

Извор.Yumama

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button