Реклама
Наши ѕвезди

Идентитетот на Адријана АЛАЧКИ злоупотребен за ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ – Водителката ќе оди до суд за ова!

Реклама

Лажен Фејсбук профил со идентитетот на водителката и пејачка Адријана Алачки шири лаги и невистини како таа е индиректно вмешана во политички води. Поточно како Алачка  јавно дава поддршка за одредена партиjа за престојните избори.

Профилот со погрешно име А(н)дријана Алачки, искористувајќи фотографија од водителката објавува фотографија со  Димитар Апасиев и Билјана Ванковска, а на објавата стои како наводно водителката напишала :

Маркетинг

„Го иамме победничкиот тим за овие избори. Двајца универзитетски професори ќе ја предводат државата. Со среќа милички! – се вели во лажната објава.

Маркетинг

Алачки се обрати до јавноста и појасни дека е лажен профил кој го злоупотребува нејзиното име. Еве што напиша таа:

Почитувани пријатели и соработници, Ве информирам дека ,, Некоја личност” создала лажен профил на Твитер злоупотребувајќи го мојот идентитет ( неуспевајќи во точност името да ми го погодат) за кое се уредно пријавени во надлежните институции, кои ќе го решаваат случајот. Сето тоа можете да го видите преку овие подолу објавени фотографии, кои ги добив од моите пријатели. За жал , живееме во таков свет, но ќе го пронајдат сторителот.
Мојата професија не се заснова на политика, туку на негување на македонската традиција и култура – пишува водителката.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button