Наши ѕвезди

Игор Џамбазов се сретна со СТАРИОТ ДРУГАР – по 46 години на дружба во Дорчо од „Волшебното самарче“

Advertisement

Постоеше време кога Македонската телевизија имаше одлична продукција и снимаше интересни содржини.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Веројатно една од најдобрите и најпознатите серии беше „Волшебното самарче“. Во серијата глумеа тогаш најпопуларниот актер Петре Прличко со неговиот внук, сега многу познатиот актер и шумен Игор Џамбазов.
Игор Џамбазов го толкуваше ликот на малиот Трајче.

Advertisement
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Трајче во серијата е неразделен од неговиот коњ Дорчо со кој секојдневно оди во шумата и собира дрва, кои ги продава, за да се прехрани себеси и да и помогне на својата мајка.

Во серијата глуми и мајката на Игор Џамбазов, неприкосновената Анче Џамбазова.

Подоцна во серијата Трајче и Дорчо стануваат главните тајни курири кои носат писма и пратки со кои им помагаат на партизаните.

Advertisement

46 години подоцна, актерот Џамбазов повторно се сретна со еден „Дорчо“кој исто така носи нешто, а по тој повод актерот се присети на неговата прва голема улога и напиша:

ФОТО: Илина Арсова/Инстаграм

„После 46 години повторна средба на Игор и Дорчо. Дорчо денес е сериозен коњ со сериозна работа… а, ние уметниците си останавме уметници”.

ФОТО: Илина Арсова/Инстаграм
ФОТО: Илина Арсова/Инстаграм

Фотографија од средбата објави и партнерката на Игор, алпинистката Илина Арсова.

Инаку, Игор и Илина во последно време се премногу актуелни во јавноста поради нивнта љубовна врска. И покрај големата разлика во годините, Илина и Игор ништо не може да ги спречи да уживаат во својата љубов, секој ден.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Игор кон крајот на 2019 година Игор изјави дека во неговиот живот нема место за жените, освен за неговата мачка Емче, но сега очигледно нештата се смениле, па за Илина има повеќе време иако велеше дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа.

Тие се доста активни на социјалните мрежи, каде често објавуваат и заеднички фотографии од нивните патувања и местата коишто ги посетуваат.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со алпинистката Илина Арсова.

За време на разговорот, Џамбазов откри како се запознале со Илина и како почнала нивната љубовна врска.
„Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација.

По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја – раскажа Џамбазов.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Тој призна и дека врската со Илина е сериозна.

„Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано сè нека се случува. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае – најави шоуменот.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Кога нашата позната планинарка Илина се качува по карпи, Игор Џамбазов вели дека не може да ја гледа. Во интервју за емисијата „Еден на еден“ раскажа многу приказни за нивната љубов, а меѓу нив е оваа.

„Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани. Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди. Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат“, изјавил Џамбазов во емисијата.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

На оваа приказна, Илина се надоврзала дека е нормално за секој планинар да падне и повторно да се врати на стазата.
Дека нивната врска е навистина сериозна, сведочи и тоа што парот веќе ги запозна родителите.

Прво Игор се запозна со мајка ѝ и татко ѝ на Илина. Секако, фотографија од средбата споделија на социјалните мрежи.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Фотографијата е направена во Јанче, село во Општина Маврово и Ростуше. Ја посетиле и куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, село Коџаџик.

По некое време, Игор ја запозна Илина и со својот татко, маестро Александар Џамбазов.

Игор сподели фотографија и од средбата на Илина со неговиот татко.

„Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу маестро Џамбазов, Илина Арсова и дечкото без брада“, напиша Џамбазов во опис на фотографијата.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Инаку, вчера маестро Александар Џамбазов го прослави својот 85. роденден. Поради пандемијата коронавирус, оваа година немаш голема роденденска забава за таткото на Игор, но актерот не пропушти и јавно му го честиташе роденденот објавувајќи негова фотографија.

„Среќна 85-ка, маестро мој“, напиша Игор во опис на фотографијата.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

За потсетување, Иагор Џамбазов беше во брак со Искра Џамбазова, сега Канзурова од 1992 до 2006 година.
Таа денес има среќен и успешен брак од кој има две деца.

Џамбазов во една пригода во врска со бракот кој за жал не траеше многу долго ќе изјави дека не му недостига само таа како личност, туку и начинот на животот што го имале, пријателите, патувањата.

„Ми недостига заедничкиот живот, утринското кафе со некого, заспивањето со некого… Но, во следниот живот можеби ќе знам да се справам со жените, во овој не успеав како што треба” изјави Игор во една пригода за „Бекстејџ.“
Но, по се изгледа дека Игор е на добар пат да научи како да се справи со жените, а неговата понежна половина одлично се снаоѓа во нејзината улога. Тие со нивната љубовна приказна ги освоија симпатиите на целата јавност, а пријателите се надеваат дека наскоро ќе им заиграат на свадба.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button