Наши ѕвезди

Игор Џамбазов откри која е неговата ПРВА ВИСТИНСКА ЉУБОВ: „Ме чека на небото“

Advertisement

Нема ден да не се зборува за нивната љубов. Откако обелоденија дека се во врска, медиумите се преполни со вести за нив, а публиката е жедна за новости.

ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм

Алпинистката Илина Арсова и актерот Игор Џамазов се најпопуларниот пар во моментов во Македонија. Што и да направат, каде и да отпатуваат нивниот чекор будно се следи.

Advertisement

Од самиот почеток тие ја информираа јавноста за нивната љубов и не престануваат да споделуваат фотографии на социјалните мрежи.

Разликата во годините воопшто не им пречи за тие да уживаат во својата љубов. Парот зрачи со љубов и среќа и секогаш добиваат комплименти и пораки со убави желби на социјалните мрежи.

ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм

Освен во љубовта тие уживаат и во заеднички патувања. Иако Игор кон крајот на 2019 година изјави дека во неговиот живот повеќе нема место за жените, по разводот со неговата поранешна сопруга Искра Канзурова, е чини дека нештата се промениле и Илина навлезе длабокот во неговото срце, па актерот сега зрачи со љубов.

Advertisement

Тој во естрадниот магази „Бекстејџ“ откри како се запознале со Илина.

ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм

„Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација.

По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја“ – раскажа Џамбазов.

ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм

Игор вели дека неговата врска со Илина е сериозна, но не сакаат да избрзуваат со нагли одлуки.
Сериозноста на нивната љубов ја докажуваат и фотографиите на кои се гледа дека парот си ги запознал родителите.

ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм

Прво Игор ги запозна „дедо и баб“, а потоа Илина „свекорот“.

Постојано на социјалните мрежи споделуваат фотографии од своите уживања, на кои човек може само да им позавиди.

ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм

За потсетување, Игор Џамбазов беше во брак со Искра Џамбазова, сега Канзурова од 1992 до 2006 година. Таа денес има среќен и успешен брак од кој има две деца.

Џамбазов во една пригода во врска со бракот кој за жал не траеше многу долго ќе изјави дека не му недостига само таа како личност, туку и начинот на животот што го имале, пријателите, патувањата.

„Ми недостига заедничкиот живот, утринското кафе со некого, заспивањето со некого… Но, во следниот живот можеби ќе знам да се справам со жените, во овој не успеав како што треба” изјави Игор во една пригода за „Бекстејџ.“
Животот на Игор секогаш бил интересен за јавноста поради тоа што секогаш го следеа некакви скандали и бури. Но, сега актерот живее смирен и спокоен живот.

ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм

За него се пишуваа многу вистини и невистини и го поврзуваа со многу жени.

Деновиве групата „Нокаут“ објави нова песна насловена како „Шал“ во која се зборува за најголемата љубов на Игор Џамбазов.

Во песната се раскажува за една вистинска љубовна македонска приказна од бурниот живот на нашиот шоумен.

ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм

Реакциите по објавувањето на „Шал“ беа неверојатно. Џамбазов е текстописец на песната. Познато е дека тој ги прави едни од најдобрите песни во земјава, текстови кои допираат до срцето на публиката.

Токму таква е „Шал“, а Џамбазов откри на која жена ѝ е посветена.

„Песнава се случи во влезот до „милицијата“ во “Карпош“, близу “Драмски“ во Скопје. Сега во влезот не студи. Ставија парно. Посветена и е на Тања Кочишка. Мојата прва вистинска љубов која ме чека на небото…“, порача Игор со многу емоции.

Нокаут и Игор често настапуваат заедно низ Македонија, па сигурни сме дека оваа песна ќе стане хит кој ќе се пее на сите нивни концерти.

ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм
ФОТО: Илина Арсова / Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов / Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button