Реклама
Наши ѕвезди

Игор Џамбазов остана сам – неговата сакана ги спакува куферите и ОТПАТУВА онаму каде што одат само најхрабрите!

Реклама

Уште од првиот ден кога објавија дека се во врска, тие двајцата станаа омилен пар во Македонија.

Својата љубов еден кон друг ја покажуваат во секоја можна прилика, а сега уште еднаш докажаа дека се силно вљубени, но и дека се поддржуваат во сè.

Маркетинг

Илина Арсовска е една од најпознатите и е најдобрите алпинистки во земјава, а нејзиното момче Игор Џамбазов сподели дека таа нанижа уште еден успех.

-Пред неколку часа, Илина се искачи на врвот Ариста Санта Барбара, кој е на 5790 метри. Ова е еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка. Те сакам, супер-жено моја“, и напиша Игор на Илина.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов

Очигледно горд на својата девојка Игор покажа каде се качила Илина и го покажа високиот врв.

Сепак Илина малку поскромно го сподели тоа.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор уште учам“, рече Илина и им се заблагодари на луѓето од нејзиниот тим.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

Илина Арсова успеа да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов

Сепак и покрај ваквиот успех за Илина малкумина беа слушнале пред таа да ја започне својата врска со Игор, па во едно интервју Илина се пошегува на таа тема.

„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови“ рече Илина.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов

Сепак тоа е само шега, планинарењето за Илина е пасија во која таа и тоа како е успешна.

Освен планинарење Илина е уметник па често знае да сподели и некое од нејзините уметнички дела, а неодамна напиша и книга.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов

Од уметнички слики до искачување планини и кревање на вратило, Илина има талент за сè, а Игор не крие дека е горд на неа.

Тие и двајцата не ги кријат своите среќни моменти, посебно кога се на некое преубаво место во Македонија, а убедени сме и дека нема да претераме ако кажеме дека нивната љубов е најубавото нешто што се роди во ова лудо време во кое живееме во последните година дена.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова, Игор Џамбазов

Поврзано

Back to top button