Реклама
Наши ѕвезди

Игор Џамбазов објави слика со својата сакана и го разнежи Инстаграм – ЕМОТИВНА порака што на сите ќе ви го разубави денот!

Реклама

На овие двајца љубовта им цвета

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова

По турбулентниот период во животот кој го остави далеку зад себе, нашиот најпознат шоумен и актер Игор Џамбазов конечно ужива во својата голема љубов што се роди помеѓу него и македонската планинарка Илина Арсова. Тие двајцата во последните неколку месеци речиси се неразделни и секој слободен момент го користат за да бидат заедно и да уживаат во нивната романтична врска.

И двајцата своите среќни моменти не ги кријат, туку радо ги споделуваат и со своите обожаватели на социјалните мрежи, па така деновиве Игор сподели фотографија на која што е неговата сакана Илина како држи камен во форма на срце во раката. Тој под фотографијата што ја објави на Инстаграм напиша и емотивна порака со која ги воодушеви сите.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова

„Љубовта е сé што ни е потребно“ напиша Игор испраќајќи многу силна порака до своите верни фанови.

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова

„Најдете го она што мами насмевка на вашето лице!“

Инаку, деновиве поразговаравме со Илина и едноставно не можевме да не ја прашаме за нејзината нова љубов. Таа во интервју за Гламур Магазин на прашањето како Игор го освоил нејзиното срце, ни го даде следниов одговор: „Па, ила ли нечие срце што не било освоено од И.Џ?“

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова

Со неа поразговаравме и за некои други теми, но се обидовме да откриеме и кое е нејзиното животно мото.

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова

Еве што ни одговори таа:

„Радувајте се на туѓиот успех како да е ваш! Само така може да пораснете како личност, да напредувате професионално, интелектуално и духовно… Во спротивно влегувате во стадото што „знае се“! Тоа, за жал не ви остава простор за нови знаења. Води кон сопствена нереализација, таа пак води кон фрустрации, за кои постојано некој треба да ви е крив… и така натаму во затворен круг кој не води никаде. Само тажни фаци и говор на омраза. Најдете го она што мами насмевка на вашето лице!“ ни одговори Илина, а ние се уште се ободиваме да најдеме одговор на прашањето дали има посреќен човек од оној што е полн со љубов и што знае да љуби?

Најверојатно нема…

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова

Тоа впрочем е и она нешто со кое што зрачат овие фотографии.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button