Реклама
Наши ѕвезди

Игор Џамбазов напиша порака за Тоше Проески со која никого не остави рамногушен, а Калиопи откри нешто што малкумина го знаат!

Реклама

Беше еден од омилените пејачи

Тоше Проески беше еден од омилените пејачи како кај публиката, така и меѓу своите колеги. Го сакаа во сите земји од поранешна Југославија, а во текот на својата кариера соработуваше со многу големи ѕвезди.

Маркетинг

Но неговата блескава кариера трагично заврши на 16 октомври 2007 година кога пејачот со ангелски глас го изгуби животот во страшна сooбpaќајна нecpeќа што се случи во близина на Нoва Гpaдишка во Хрватска.

Од тогаш не поминал октомври, а неговите колеги да не се присетат на него, да евоцираат спомени на легендарниот Тоше.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Калиопи

Некои од нив споделија фотографии и емотивни пораки со кои никого не оставија рамнодушен. Една од нив е и пораката на Игор Џамбазов кој на својот профил на Инстаграм сподели негова фотографија и напиша:

„Ти пoчина без да yмpeш, а ние yмpeвме без да пoчинеме…“

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Покрај Џамбазов, меѓу првите со емотивна порака се обрати и пејачката Калиопи која на својот Инстаграм напиша:

„И овој октомври нема боја откако си замина засекогаш. Единствената боја е во спомените, во твојот божествен глас кој го остави во своите песни, да не потсетиш дека ништо не е минливо, затоа што смртта не е крај. Некако си тука, како и никогаш да не си заминал“, напиша пејачката.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Покрај оваа порака Калиопи во емисијата Викенд на К1 телевизија евоцираше и некои спомени на познатиот пејач.

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Ќе го памтам по неговата детска насмевка, неговите светли очи – иако беа темни, кога ќе ме погледнеше беа посветли од милина.

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

„Овој 16 октомври од 2007 година за мене е ден што би сакала да го избришам од календарот.“

Поминаа 14 години, а се уште ми стои кнедла во грлото кога ќе дојде овој ден. Ќе го памтам по неговата детска насмевка, неговите светли очи – иако беа темни, кога ќе ме погледнеше беа посветли од милина… Неговиот уникатен глас се раѓа еднаш во милениум“, изјави Калиопи.

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Таа сподели и каков беше тој во приватниот живот, далеку од светлото на рефлекторите и вклучените камери.

„Тоше сам по себе беше магија. Луѓето него го чувствуваа низ неговите песни и глас, из неговата харизма и добрина. Како и сите ние пејачи Тоше најмногу сакаше концерти. Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ зборуваше дека Тоше пред да излезе на сцената секогаш прашувал каков е концертот, каква е атмосферата, колку луѓе дошле.“

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

„Многу ќе пропуштат новите генерации кои нема да присуствуваат на негов концерт“.

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Калиопи во емисијата Викенд на К1 Телевизија сподели и една анегдота со Проески која нема никогаш да ја заборави.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

 

„Ќе го памтам нашето патување во Дубровник, заедно настапувавме на фестивал. На тоа патување се случија многу смешни работи“.

„Беше тука Есма Реџепова, Љиљана Петровиќ и мојот поранешен сопруг Васил. На аеродромот во Загреб имавме пауза и јас го извадив пасошот во кој беше моето ново презиме – Букле, тоа е типично влашко име“.

Фото: Инстаграм/ Тони Цетински

„И бидејќи и Тоше по потекло е Влав, кога го вие тоа се сврте кон Љиљана Петровиќ и изјави: ‘Љиљо сакам и јас да го сменам презимето во Проја’, бидејќи тој всушност е Тодор Проја. Тогаш Љиља веднаш му одговори: ‘Нема шанси, сите те знаат како Проески’, а Тоше само кажа:

‘Добро , добро Љиљо… Нема проблем’“.

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Фото: Инстаграм/ Тоше Проески

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Поврзано

Back to top button